- Со проекција на филмот „Нов бран“, на 20 март, официјално ќе започне со работа новото филмско катче во центарот на Скопје – „Фино кино“.
- Идејата на „Фино кино“, проект на приватниот културен центар „Лабораториум“, е создавање на непретенциозно „џепно“ артхаус кино и нова културна платформа со внимателно одбрана програма – иницијатива за која oрганизаторите се надеваат дека ќе се претвори во жива неформална заедница со филмската уметност во својот фокус.
- Овој прв викенд на репертоарот на „Фино кино“ ќе бидат „Нов бран“ на режисерот Ричард Линклејтер (петок, 20 март, во 19:00 и недела, 22 март, во 20:00), потоа номинираниот за Оскар анимиран филм „Арко“ (сабота, 21 март, во 12:00 и недела, 22 март, во 18:00) и „Млади мајки“ во режија на браќата Дарден (петок, 20 март, во 21:00), добитник на наградата за најдобро сценарио на Канскиот филмски фестивал.
- Изложбата „Раселени...Фрагменти од сеќавањето“ на Тања Балаќ ќе се отвори на 16.09.2026 (среда) во 20 часот. Таа произлегува од долгогодишното истражување на темата на мигрантската криза, раселеноста, но сега повеќе се поместува кон она што останува во човекот откако ќе исчезне местото што го нарекувал „дом“.
- „Не ме интересира само човекот кој е принуден да замине, туку и она што тој го носи со себе - сеќавањата, сликите, фрагментите, стравовите, блискоста, отсутните луѓе, просторот што повеќе не постои на истиот начин. Можеби токму затоа и зборот фрагменти ми е важен. Сеќавањето никогаш не е целосна слика. Тоа секогаш е составено од делови.“ - вели авторката во интервју за УМНО (на линкот).
- Медицинската драма „Д Пит“ ја освои наградата за најдобра драмска серија на 78. доделување на „Еми“, кое се одржа во раните утрински часови на 15.09. по македонско време во Лос Анџелес. Серијата, која минатата година исто така беше прогласена за најдобра во драмската категорија, го повтори успехот и во 2026 година. Нејзиниот главен актер, Ноа Вајл, освои награда за најдобар актер во драмска серија.
- Меѓу останатите добитници во драмските категории се најдоа Риа Сихорн, која го освои својот прв „Еми“ за главна женска улога за „Плурибус“ (уште ѝ должат за „Бетер кол Сол“), и Том Пелфри, награден за споредна машка улога во серијата „Таск“. Алисoн Џени, пак, ја освои наградата за споредна женска улога за „Дипломатот“.
- Најголемото изненадување на вечерта беше серијата „Видоус беј“, која ја освои наградата за најдобра комедиска серија. Таа освои шест награди во главната церемонија, со што се издвои како еден од најголемите победници на годинешните „Еми“. Метју Рис ја освои наградата за најдобар актер во истата, додека Кејт О’Флин и Стивен Рут беа наградени за споредни улоги. Серијата освои и признанија за сценарио и режија.
- Џин Смарт освои „Еми“ за најдобра актерка во серија од жанрот комедии за улогата на Дебора Венс во „Хекс“. Ова е нејзина петта последователна победа во истата категорија за оваа улога, што претставува историски успех. Метју Рис оствари исклучително достигнување, освојувајќи награди во две главни актерски категории во текот на истата вечер. Покрај наградата за комедијата „Видоус беј“, тој беше награден и за главна машка улога во ограничената серија „Ѕверот во мене“. Со тоа стана првиот кој во една иста година освоил „Еми“ за главна актерска улога и во комедија и во мини серија.