„Раселени“ - изложба на Тања Балаќ посветена на бегалската криза
1 септември 2023
- Изложбата „Раселени“ од уметницата Тања Балаќ ќе биде отворена на 5 (вторник) септември во Музејот на Македонија од 20 часот.
- Изложбата, која ќе ја отвори историчарот на уметност и ликовен критичар, Кирил Пенушлиски, содржи дела создадени во периодот 2020-2022 година. На оваа изложба Балаќ се претставува со 27 слики, кои се надополнување на нејзиниот претходен циклус започнат некаде во 2017 година под влијание на големата бегалска криза. Дела од овој циклус беа претставени на нејзините изложби во Скопје, Белград, и Загреб.
- По затворање на поставката во Музејот на Република Северна Македонија, „Раселени“ ќе патува во Стразбур, каде ќе биде изложена во „Арт клуб Амикале“ на Советот на Европа, а ќе ја отвори амбасадорката Светлана Гелева.