Рачно пишуван роман на 8-годишно дете стана хит
12 февруари 2022
- „Авантурите на божикниот Дилон Хелбиг“ е дело на 8-годишниот автор кој на корицата се потпишал како „Дилон Хелбиг Самиот Него“ (Dillon Helbig His Self). Тој го вметнал ракописот на полиците на својата локална библиотека во гратчето Боаз во Ајдахо без да биде забележан. Но откако некој ја нашол и прочитал, муабетот се раширил, и сега над 50 луѓе чекаат на ред да ја изнајмат од библиотеката.
- Фиктивната приказна е за тоа како Дилон ја украсувал новогодишната елка кога таа експлодирала, магично пренесувајќи го во 1621 година.
- Годината е референца на првиот Ден на благодарноста кој е прославен во САД, факт кој го пронашол со мајка му додека работел на книгата во текот на зимските празници. Делото е напишано рачно во тек на четири дена во посебен тефтер и илустрирано од самиот автор. Сега тој планира и продолжение, а на заинтересираните новинари им изјавил дека ќе биде „базиран на вистински настани“. Работниот наслов е - „Шифоњерот што јаде палта“.