- Станува збор за две компилации - Macedonian Dark Wave 1985-1989 и Macedonian New Wave 1979-1987 Vol.2. Обете се објавени на LP формат во издание на Corpus Delicti Records. Изборот е на хроничарот на македонската рок музика, Тошо Филиповски.
- Првата ги содржи песните на „Апореа", „Падот на Византија", „Мизар", „Клеопатра", „Ден потоа", „Берза", „Анастасија", „Тело-наука совршена" и „Наумахија".
- На втората ЛП „Macedonian new wave vol.2 1979-1987" се наоѓаат песни од групите „Инола икс", „Зијан", „Бастион", „Дизајн", „Фора", „Прамен", „Гино Де Гаги и нивните страсти", „Меморија", „Бон-тон", „Морал", „Чуден крој", „Телекс", „Токму така" и „Коцка мраз".
- Дали е чудно да се каже антропологинка, етнологинка или гинекологинка? Одговорите на овие и многу други прашања ќе бидат во фокусот на дискусијата „Од каде сега феминативи?“, што ќе се одржи на 4 јуни (четврток) во Лабораториум со почеток во 19 часот.
- Иницијативата „Зборци“ организира отворена дискусија посветена на феминативите и нивната улога во современиот македонски јазик. Настанот ќе отвори разговор за тоа колку сме подготвени да ги менуваме јазичните навики и како зборовите влијаат врз начинот на кој ја разбираме и обликуваме реалноста.
- На настанот ќе се обратат проф. д-р Симон Саздов од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, етнологинката и антропологинка Јана Коцевска и македонистката и лекторка Татјана Б. Ефтимоска. Организаторите најавуваат отворен разговор во кој публиката ќе има можност активно да се вклучи и да придонесе кон дебатата за јазикот, родот и општествените промени.
- Филмот „Фјорд“ од романскиот режисер Кристијан Мунџиу ја освои Златната палма вечерва на 79-от Меѓународен филмски фестивал во Кан, објавија француските медиуми. Мунџиу ја доби својата прва Златна палма во 2007 година за филмот „4 месеци, 3 недели и 2 дена“.
- Гран при наградата ја освои продукцијата „Минотаур“ од рускиот режисер во егзил Андреј Звјагинцев, додека наградата на жирито ја доби филмот; „Сонуваната авантура“ во режија на Валеско Гризебах.
- Наградата за најдобар режисер им припадна на Хавиер Калво и Хавиер Амбрози за филмот „Црната топка“ (La Bola Negra), како и на Павел Павликовски за филмот „Татковина“.
- Претседател на жирито оваа година беше јужнокорејскиот режисер Парк Чан Вук, а во жирито беа американската актерка Деми Мур (Мур) и кинеската режисерка Клое Жао.