Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Промоција на книгата „Театарски белешки“ на режисерот Владо Цветановски

27 јуни 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Промоцијата на книгата „Театарски белешки“ на режисерот и професор Владо Цветановски ќе се одржи вечерва (понеделник, 27.06, 21 часот) во дворот на Факултетот за драмски уметности – Скопје.   Книгата, која е во издание на ФДУ, ја приредија Јелена Цветановска и Андреј Цветановски, а дизајнот е на Сергеј Светозарев.
  • Книгата ќе ја промовираат проф. Мими Таневска-Србиновска, декан на ФДУ и ликовниот уметник и сценограф, Владо Ѓорески-Рафик, кои се автори на предговорот и поговорот на „Театарски белешки“. На промоцијата, извадоци од книгата ќе чита актерот Дамјан Цветановски, а ќе биде прикажан и документарниот филм за Владо Цветановски, во режија на Андреј Цветановски.
  • „Театарските белешки“ (Букбокс осврт тука) се избор на ракописи од дневникот на Владо Цветановски, во кој се втиснати неговите размисли, слики и емоции кои го пресретнувале во потрагата по театарската вистина.
извор

„Скопje 63/63″: поезиja и фотографиja во спомен на земјотресот од 1963 година

27 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Во вторник, 28 јули од 20:30 часот во Сули-ан ќе биде промовирана поетска антологиja, подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, која обединува избрани творби од македонски и странски автори посветени на Скопje и неговата мемориja. Проектот е надополнет со фотографиите на Сашо Алушевски, кои преку визуелен jaзик сведочат за архитектонското наследство што го преживeaло земјотресот. 
  • Фотографската изложба опфаќа триесетина фотографии и претставува лична авторска интерпретациja на Скопje како простор во кој минатото и сегашноста постоjaно се преплетуваат. Низ фотографиите се отвораат асоциjaции за времето, сеќавањaта, насобраните конотации и симболите што со децении се таложеле околу градот и неговите обjeкти.
  • Посебно место во изложбата имаат фотографии кои се изработени со посебна техника така што под дejство на сончевата светлина со текот на времето постепено ќе исчезнат, метафора за Скопje кое полека го менува своjот лик. На тоj начин, изложбата не е само навраќање кон сеќавањето на земјотресот од 1963 година, туку и размислување за современото Скопje, неговите трансформации и постепеното исчезнувањe на делови од неговиот препознатлив урбан идентитет.
извор

Изложба на фотографии од тажачките кои етнологот Васил Хаџиманов ги снимил по скопскиот земјотрес

25 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Утре ( 26 јули) во 20: 30 часот, во Музејот на Град Скопје ќе се отвори изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, со фотографии на етномузиколог и фоклорист Васил Хаџиманов од тажачките обреди по земјотресот. Монографијата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“ од Ана Мартиноска и Жарко Иванов беше промовирана во декември 2023.
  • Веднаш по земјотресот во Скопје на 26 јули 1963, Хаџиманов со касетофон ги снимал тажачките песни или редачките на гробиштата на погребите на загинатите, потоа нотно и текстуално ги запишувал, а овие белешки и снимки стоеле долго во архивата на МАНУ, каде што ги однел неговиот син Зафир.
  • Утре покрај изложбата, ќе биде промовирано и  дополнетото и двојазично (на македонски и англиски) издание на книгата  „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“. Настанот се одвива во знакот на одбележувањето на 120-годишнината од раѓањето на Васил Хаџиманов.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Зошто картографите вметнувале непостоечки градови во своите мапи?

Bookbox
2

Ниедна ни се нема удавено

Балканштина
3

Фиго: „Сум видел многу нешта во кариера, ама лажлив и користољубив однос како на Инфантино немам видено“

4

Колку луѓе ѝ се таман на планетата до 2200 година?

Разно
5

Косовска Star Wars свадба

Балканштина
6

Никој не виде како ракетата на SpaceX удри во Месечината

7

Барате графички дизајнер?

Балканштина
8

Крокодилите поважни од палестинските затвореници

1

Зошто картографите вметнувале непостоечки градови во своите мапи?

Bookbox
2

20-годишниот проект на еден фотограф да го регистрира секое животно на планетава

Bookbox
3

Од трпезата на Хомер: осврт за Нолановата „Одисеја“ на наша класичарка

Bookbox
4

Од богот Пан до паника

Bookbox
5

Се сеќавате на изразот „тандара броќ“?

Bookbox
6

Како е да си краставица?

Bookbox
7

Како го гледав „Одисеја“ во грчко летно кино

Bookbox
8

„Народна табла“ - како Француската револуција го измислила првиот билборд

Bookbox
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Косовска Star Wars свадба

Балканштина

Барате графички дизајнер?

Балканштина

Ниедна ни се нема удавено

Македонштина

Автомеханичарски Мастерклас

Балканштина

Спомени од пеколот

Балканштина

Дали глуп човек може да слуша добра музика?

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Кога филозофите се хејтаат меѓу себе

Ама па во НАТО флегофне

Генијот смисли и трето полугодие

Да не се заборави: Грант Харт, Hüsker Dü

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy