Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Почнува Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“

23 септември 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Со 400 гости од кои 160 од странство и 79 филмови, денес, 23.09, ќе се отвори 44-тото издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола. Во главната селекција се вклучени филмови од Кан, Берлин, Венеција, Карлови Вари и Сан Себастијан. Фестивалот ќе го отворат и затворат македонски филмови, а од останатите програми тука се кратката селекција, документарците, студентските филмови, како и филмовите кои ќе можат да се погледнат на отворено, од автомобил.
  • Ќе се одржи тркалезна маса со шест исклучителни жени кинематограферки кои ќе проговорат за предизвиците на професијата. Најмалите ќе бидат внесени во светот на филмот преку проектот „Наследниците на Манаки“, а амбасадите на Германија, Франција и Италија ќе организират вечери на нивната култура поврзани со филмовите прикажани на фестивалот. 
  • Под мототот „Олабај се“, во офф-програмата ќе можат да се проследат и куп други настани, како филмска работилница со режисерката Марија Џиџева, разговор со писателката Румена Бужаровска, феминистичко Стенд ап попладне со Софија Ристевска Петрушева, а ќе има и слушачки агол за филмска музика, како и друштвени игри со Гоблин. 

    Целата програма на линкот.
извор

Ајс Кјуб доби Нобел за физика

6 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Белгиско-американскиот физичар Френсис Халзен е добитник на Нобеловата награда за физика за 2026 година за неговиот пресуден придонес во создавањето на неутринската опсерваторија „АјсКјуб“, „коцка мраз“ (IceCube) и за откривањето високоенергетски неутрина од астрофизичко потекло. Ова го соопшти Кралската шведска академија на науките во Стокхолм на прес конференција одржана денес, 6.10.
  • Според образложението, Халзен препознал дека мразот на Јужниот Пол може да се искористи за следење честички познати како неутрина. Неговата визија и научно лидерство биле од суштинско значење за развојот на „Ајс Кјуб“ - детектор поставен во кубен километар антарктички мраз опремен со сензори. Благодарение на оваа опсерваторија, научниците можат да регистрираат неутрина што потекнуваат од енергетски процеси во далечната вселена.
  • Неутрината, често нарекувани и „честички духови“, се меѓу најмистериозните елементарни честички во природата. Тие немаат електричен полнеж и поседуваат речиси занемарлива маса, а со обичната материја реагираат исклучително слабо. Поради тоа, нивното откривање е многу тешко. Во просек, секоја секунда околу десет милијарди неутрина поминуваат низ секој квадратен сантиметар од површината на Земјата. Токму затоа големи детекторски системи како „Ајс Кјуб“, поставени во мразот на Антарктикот, се обидуваат да регистрираат барем дел од нив.
извор

Нобелова награда за медицина и физиологија за оптогенетиката – светлината како прекинувач во мозокот

6 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Нобеловата награда за физиологија или медицина за 2026 година се додели вчера (5.10.) за оптогенетиката – метод што овозможува да се прикаже како нервните клетки ги обликуваат сеќавањата, чувствата и однесувањето во живиот мозок. Петер Хегеман и Георг Нагел открија извонреден протеин, каналородопсин, кај едноклеточна алга. Карл Дајсерот го претвори овој протеин во прекинувач за нервни клетки управуван со светлина. Лауреатите ги поставија темелите на нова ера во невронауката.
  • Мозокот е мрежа во која милијарди нервни клетки непрекинато разменуваат електрични сигнали. Но, долго време невронауката имала еден фундаментален проблем: можела да набљудува што се случува во мозокот, но многу потешко можела прецизно да интервенира и да покаже која конкретна група неврони е одговорна за одредено чувство, сеќавање или однесување.
  • Приказната веќе излегува и од лабораторијата. Во клинички испитувања се истражува можноста оптогенетски пристапи да помогнат во враќањето на дел од видот кај лица со ретинитис пигментоза, а се разгледува и нивна примена за попрецизни кохлеарни импланти.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

На ова бесплатно здравство во ЕУ мислеа?

Балканштина
2

25 милиони евра годишно се давале на починати, иселени и фиктивни лица

3

Бугарија ненадјебива

Балканштина
4

Владимир Крстевски: Цена? Права ситница!

5

Наш Вилипче ги потепа Шкотите со ракија и макало

Разно
6

Далеку е тоа за стоката

Македонштина
7

Хари остана без патерица

Забава
8

Евтин бурбон ги потепа скапите и ексклузивни ривали

Занимливости
1

Како луѓето прекинувале контакт со семејството во 18 век?

Bookbox
2

Ајс Кјуб доби Нобел за физика

3

Што е најблагото нешто на светот?

Bookbox
4

300 години пред Четџипити, Џонатан Свифт замислил машина што пишува книги

Bookbox
5

Абеловата награда – „Нобелот“ за математика

Bookbox
6

Нобелова награда за медицина и физиологија за оптогенетиката – светлината како прекинувач во мозокот

7

Кога сакале да создадат куче-супермен

Bookbox
8

Бесплатна работилница „Културен континуитет во применетиот дизајн“

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Бугарија ненадјебива

Македонштина

Далеку е тоа за стоката

Балканштина

На ова бесплатно здравство во ЕУ мислеа?

Разно

Наш Вилипче ги потепа Шкотите со ракија и макало

Балканштина

Самоил и дупките

Балканштина

Поетски толкувања

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Не сме сите истрауматизирани од едно фаќање за колено

Упатства за разбирање на мажите

Кога си шизо, секоја дијагноза ти се чини точна

Да не не е така?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy