Почина театрологот Ристо Стефановски
22 март 2022
- На 94 години почина долгогодишниот театарски историчар, театролог и долгогодишен директор на Драмскиот театар (1957-1983)
- Роден е во 1928 година во Скопје. По завршувањето на Државната театарска школа во родниот град, две години студирал глума на Театарската академија во Белград. Од 1951 до 1960 година бил актер во Народниот театар во Скопје. Од пролетта 1957 година раководел со Куклениот театар во Скопје кој подоцна се трансформирал во денешниот Драмски театар.
- Автор е на голем број трудови и книги, меѓу кои капиталното дело „Театарот во Македонија“ во единаесет тома, кое го следи развојот на театарот кај нас од антика до независноста во 1991.