Питер Динклиџ во нова филмска верзија на „Сирано“
8 октомври 2021
- Направен според драмата „Сирано де Бержерак“ на Едмонд Ростан, новиот филм е режиран од Џо Рајт („Ана Каренина“, „Најмрачниот час“).
- Во новата верзија „хендикепот“ на главниот лик не е во неговиот нос, туку во нискиот раст. Него го толкува Питер Динклиџ („Игра на престоли“).
- До сега има повеќе од десет филмувани верзии на истото дело, меѓу кои најпозната е онаа со Жерар Депардје во улогата на Сирано.