Парфем на денот
15 февруари 2022
- Нов парфем дизајниран од Комисијата за компири на Ајдахо (да, постои такво нешто) ја оддава аромата на помфрит, во сиот негов мрсен и солен сјај.
- Frites by Idaho е ограничена серија, која до скоро се продаваше на сајтот на Комисијата за долар и 89 центи за мало шишенце, но многу бргу воочи Валентајн целосно се распродаде.
- Парфемот се рекламира како „еден од најнеодоливите мириси на целиот свет“, а е дестилиран од есенцијални масла од овој зеленчук. Во веста не е јасно дали со него следат кечап и мајонез.