Отворен Музејот на подвижни слики во Холивуд
22 септември 2021
- Од ајкулата од истоимениот филм, преку бањарката од Биг Лебовски и папучките од „Волшебникот од Оз“, Музејот на Академијата за филм во Лос Анѓелес е конечно отворен.
- Музејот е дизајниран од Ренцо Пијано во реставрирана структура од 1930-тите. Планиран е речиси цел век, од отварањето на Академијата, но до сега сите обиди за негово востановување пропаѓале.
- Одложувањето придонело музејот да го редефинира својот концепт и да вклучи содржини поврзани со дискриминацијата врз основа на раса и идеолошки убедувања, а не само да ја промовира филмската индустрија како „создавач на магија“