Оскар 2022 - сите добитници
28 март 2022
- Најдобар филм е „Кода“, а Џесика Честејн и Вил Смит ги добија наградите за најдобри актери во главна улога. Јапонскиот „Вози ја мојата кола“ е добитник на Оскар за меѓународен филм.
- „Кода“ е првиот филм направен од стриминг сервис (ЕплТВ+) кој го има добиено престижното признание во главната категорија.
- Она за што сите зборуваат, освен наградите, е инцидент кој се случи на сцената. Вил Смит му удри тупаница на водителот Крис Рок, откако овој направи лоша шала во врска со жената на Смит, Џејда Пинкет Смит.