Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Омилената маица на Мураками

23 септември 2021
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Писателот и страсниот колекционер на плочи има и голем број маици.
  • На една од неговите омилени пишува „Ставам кечап на кечапот“, со препознатливиот дизајн на Хајнц. Ова тој го поврзува со американскиот дух на „весел недостаток на интроспекција“.
  • Коментарот е објавен во Њујоркер.
извор

Сајт на денот: Етимотека

27 јануари 2026
  • Share
  • Post
  • Емилија Нешкоска-Чретник е лингвистика и докторантка од областа на етимологијата на Филозофскиот факултет во Љубљана. Нејзините почетоци со истражувањата за македонскиот јазик ги започнала на Филолошкиот факултет во Скопје, каде ги завршила студиите по македонистика. Сега работи во еден од водечките етимолошки центри во регионот, на Универзитетот во Љубљана. 
  • „Благодарение на стручната поддршка, како и располагањето со богата литература што ја поседува Институтот за словенечки јазик Фран Рамовш во Љубљана, започнав да го реализирам еден од најважните и долгоочекувани проекти за македонистиката – Етимолошкиот речник на македонскиот јазик, кој претставува мој личен потфат. Овој потфат не само што има за цел да го пополни значајниот научен јаз во македонската лингвистика, туку има за цел да ја воведе етимологијата во фокусот на истражувањата, каде што досега беше маргинализирана“, вели aвторката на својот сајт. 
  • Порталот е составен од три дела: Етимолошки речник на македонскиот јазик, Етимолошки материјали за македонскиот јазик и блог. Тој нуди систематски обработени податоци за потеклото и развојот на зборовите: нивната хронологија, фонетски и семантички промени и нивните индоевропски или словенски паралели. Во најновиот блог пост се анализира етимологијата на македонското „чекор“ и неговата врска со „чкор“. 

Алал, Емилија!

извор

Фабриката „Треска“ некогаш била место за игранки и гитаријади

22 јануари 2026
  • Share
  • Post
  • Пред да стане симбол на урбанистички судир, „Треска“ била практична, жива инфраструктура за младинската музика: фабрички клуб што во доцните 60-ти значел – сала, струја, озвучување, публика, ред. А во време кога вторaта генерација македонски рок-состави веќе е активна (1967), токму ваквите места ги држеле бендовите на нозе.
  • Во социјализмот, работните организации/фабриките често функционирале и како културни центри: имале свои сали, мензи, клубови, синдикални структури и често поддржувале или домаќинеле настани (игранки, фестивали, младински програми, КУД-ови). Во многу градови „Домови на култура“ и работнички културни друштва се врзуваат токму со работни колективи и локални индустрии.
  • Постојат и сведоштва за судири помеѓу младинската бучава (бит/рок) и организациските ограничувања – исклучени појачала, „жири“, „неутрална страна“, „врски“, „недозволена опрема како причина за одземање на место“ или бендовите кои биле организатори на настанот, да бидат и добитници на првото место.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Мед Макс Македонија

Македонски рулет
2

Швајцарски банки сè уште чуваат сметки на СС

3

Грција била жртвувана за да се спасат германските и француските банки

4

Правда (и одмор) за братот

Македонштина
5

Елаборирај

Балканштина
6

САД и Иран се закачаат со дронови и бродови

7

Како брзо да дојдеш до пари?

Македонштина
8

Нагрбачи им го и Епстин на Русите

Онака
1

Научничката што докажа дека животот не е натпревар

Bookbox
2

Уште една теорија за Шекспир вели дека бил - Еврејка од Африка

Bookbox
3

Зошто метал-бендовите често си ги кријат лицата?

Bookbox
4

Мерил Стрип ќе ја игра Џони Мичел во нов биографски филм

Bookbox
5

Meсечарење: на границата меѓу сонот и јавето

Bookbox
6

Безоглед и Господзнае: необичните лични имиња во Зимбабве

Bookbox
7

Сајт на денот: Етимотека

8

Букбокс интервју со Емилија Нешкоска-Чретник: „Да го поврземе македонскиот збор со неговиот прапочеток“

Bookbox
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Правда (и одмор) за братот

Балканштина

Елаборирај

Македонштина

Како брзо да дојдеш до пари?

Балканштина

Рагледници од „српскиот свет“

Балканштина

Кој до каде стигна

Македонштина

Ова ли е тоа Сејф сити?

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Ќе нè нормализираат од Латас со... Народен глас?

Нож, жица, отштетица

Пукате од здравје

Еј Џо, ги слушаш ли Стоунси?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy