Нобеловата за економија доделена за истражувања на банките и финансиските кризи
10 октомври 2022
- Бен Ш. Бернанке, Даглас В. Дајмонд и Филип Х. Дибвиг, сите Американци, се добитници на овогодинешната Нобелова за економија.
- Во краткото образложение стои само дека тие ја добиваат наградата за „истражување на финансиските кризи и на банките“. Од тројцата најпознат е Бернанке, поранешен раководител на американските Федерални резерви во критичниот период 2006-2014.
- За разлика од другите пет Нобелови, кои се доделуваат од 1901 и се воспоставени по волјата на шведскиот хемичар и инженер Алфред Нобел, признанието за економија е воспоставено во 1969 од Шведската централна банка во негова чест.