Никогаш не е доцна
8 ноември 2021
- Манфред Штајнер имал долга и успешна кариера како лекар и професор по хематологија. Но цел живот имал чувство дека всушност сака да се занимава со нешто друго.
- Сега сонот му е конечно остварен. На 89 години тој се стекна со докторат по физика на Универзитетот Браун. Насловот на тезата на 150 страници е „Корекции на геометриската интерпретација на бозонизацијата“, од областа на физиката на кондензирана материја.
- Штајнер пораснал во Виена, и до денес зборува со австриско-германски акцент (студентите го зезале дека звучи како Терминатор). Бил тинејџер кога завршила Втората светска војна и имало голема потреба од медицинари. Тој не жали за одлуката да стане лекар, но вели дека во медицината има голем број варијабили и непрецизности, за разлика од физиката каде законите остануваат исти.