- Најпознатата глувчица на светот наскоро ќе се појави во темно сино костумче, кое привремено ќе го замени нејзиното препознатливо фустанче на туфни.
- Новиот изглед е дизајниран од Стела Мекартни, а по повод прославата на 30-годишнината од отворањето на парискиот Дизниленд.
- И покрај тоа што промената е само привремена и ќе важи само за луна паркот во Париз, таа веќе наиде на критики, особено од американските конзервативци. Тие сметаат дека ова е обид Мини да се направи по „мажествена“, или можеби да личи на Хилари Клинтон и нејзините костумчиња.
- „Македонската книжевна сцена со години, ако не и со децении е заглавена во еден вртлог на немање силна, разумна, издржана критика. Нема критика која пробува критички и теориски да пристапува на книжевните дела и да ги елаборира нивните добри и/или лоши страни наместо само да ги хвалоспева делата што се појавуваат во македонската книжевна продукција“ - пишува Андреј Медиќ Лазаревски за Култура Бета.
- Во ситуации како во нашата домашна книжевна продукција, кога самата продукција е во состојба да издава колку што издава, неопходно е формирање на јасна, здрава, цврста и издржана критичка мисла за да може самата продукција да се филтирира, а со тоа и да се подобрува, да напредува и, секако, да воспоставува комуникација, дијалог и дискусија за книжевните дела кои се објавуваат наспроти воспоставената пракса на „тапкање по рамо“ и зборување „зад грб“.
- Зарем непишувањето на текстови за некои дела не е доволна критика за самите нив. Зарем игнорирањето на лошите книги не е доволна критика за нив. Зарем неучеството на тие дела во јавната книжевна дискусија не е доволна критика за нив!? Не! Одбегнувањето на лоши книги не е ниту субверзивно, не е ниту кул, не е ниту естетички и книжевно-теориски оправдано.
- Премиерата на претставата „Рибарски караници“, по текст на Карло Голдони, а во режија на Јован Ристовски, на 25 јули ќе биде изведена на отворено, до Ротинското Езеро во потпелистерското село Ротино.
- Битолскиот театар со поддршка од Општина Битола започна со реконструкција на патот до езерото, туристичка атракција каде што првпат ќе се одигра театарска претстава. Од Народниот театар во Битола велат дека ова е уште еден доказ дека театарот го менува светот, а директорот Васко Мавровски најави театарски спектакл.
- Во комедијата играат Никола Стефанов, Јулијана Мирчевска, Никола Пројчевски, Соња Ошавкова, Петар Горко, Марија Цветановска, Леонида Гулевска, Валентин Дамчевски, Елена Мошевска, Живко Борисовски, Петар Спировски, Александар Димитровски, Илина Чоревска, Катерина Аневска-Дранговска и Марија Стефановска.
Билети за 26.07. тука