- Денес, 1 јуни 2024 г., Друштвото на писателите на Македонија одржа редовно изборно Собрание, на кое беа избрани новите раководни органи, а беа усвоени и измени и дополнувања во Статутот на Друштвото.
- За претседател на Друштвото е избран Живко Грозданоски, а за членови на Управниот одбор се избрани: Зоран Анчевски, Виолета Танчева-Златева, Марина Мијаковска, Сузана В. Спасовска, Бранко Цветкоски и Димитар Пандев.
- Избран е и Суд на честа, кој го сочинуваат: Лидија Капушевска-Дракулевска, Санде Стојчевски, Анастасија Ѓурчинова, Владимир Мартиновски и Славе Ѓорѓо Димоски.
- Џејн Гудал, чија доживотна работа како приматолог помогна во проширувањето на разбирањето на светот за однесувањето и емоциите на животните, почина на 91 година, соопшти нејзиниот институт.
- Нејзините теренски студии со шимпанза не само што ги срушија бариерите за жените и го променија начинот на кој научниците ги проучуваат животните, туку ги документираа емоциите и особините на личноста кај овие примати што ја замаглија линијата помеѓу луѓето и животинското царство.
- „Откритијата на д-р Гудал како етолог ја револуционизираа науката, а таа беше неуморен застапник за заштита и реставрација на нашиот природен свет“, се вели во соопштението. Гудал беше назначена за Дама на Британската Империја во 2004 година, а во 2025 година беше наградена со Претседателскиот медал за слобода на САД. Таа беше именувана и за Гласник на мирот од страна на Обединетите нации во 2002 година.
- Оние книги што јас и мојата генерација ги нарачувавме од Лондон, сега ги има на секој книжевен сајт. Веќе нема потреба да плаќате царини за книги од странство – сето она што лично сум го купувал како студент – сега го има бесплатно во ПДФ. И тоа е одлично: книгата е достапна. Друго прашање е што достапноста сама по себе – не мора да биде добра. Затоа што достапно е сè: од порнографија до дрога.
- Еве како доаѓавме до книги за испит во вчерашниот изумрен свет. Прво, си определувавме – колку денови ќе го подготвуваме испитот. Потоа, во група (сите што полагавме ист испит) одевме во НУБ (Народната и универзитетска библиотека). Тоа подразбираше да си планираш цело претпладне, некогаш и попладне – престој во библиотеката. Излегувањето од дома подразбираше и да си понесеш сендвич или пари за ручек. Подразбираше и да се качиш во градски автобус, па да патуваш најмалку половина час до библиотеката. Таму ја имаше сета литература за нашите испити, но книгите не ги даваа дома: мораше да се чита во заедничката читалница.
- Тоа ми е главната поента: можеш да учиш сам, дома, на компјутер. Но можеш да учиш и во друштво, во библиотека. Што е поубаво? За мене поубаво е второво, за моите деца – првото. Разликата е огромна: кога си во друштво, се смееш, кажуваш вицови, си помагате околу нејасните книжевни термини, а ако некој заборавил да понесе сендвич, делите. Во читалницата се запозна и еден пар (таа идна медицинарка, тој иден математичар), и набргу направија свадба. Кога си сам во соба не е така. И да склучиш брак виртуелно со некого, не знаеш како мириса кога седи до тебе во читалница.