- Музејот на исламска уметност од Катар денес, 12.10., ќе се обиде да постави рекорд во читање книга на најмногу светски јазици, а меѓу јазиците ќе биде и македонскиот. Ова се прави во контекст на големиот број јазици кои ќе оддекнат низ оваа земја за време на Светското првенство во фудбал, кое почнува на 20 ноември. Ќе се чита „Малиот принц“ на Антоан де Сент Егзипери, книга преведена на повеќе од 505 јазици, а предизвикот ќе вклучува 56 од нив.
- Читањето ќе започне во 17 часот по македонско време, ќе трае околу 2 часа, а вкупно ќе има 150 читачи. Помеѓу нив е Анета Перевска, која живее и работи во Катар во последните четири години. Вработена е како сениор маркетинг специјалист во маркетинг одделот на Музеите на Катар (Qatar Museums), организација која раководи со сите државни музеи во земјата.
- Настанот во живо ќе може да се проследи тука.
- Дали е чудно да се каже антропологинка, етнологинка или гинекологинка? Одговорите на овие и многу други прашања ќе бидат во фокусот на дискусијата „Од каде сега феминативи?“, што ќе се одржи на 4 јуни (четврток) во Лабораториум со почеток во 19 часот.
- Иницијативата „Зборци“ организира отворена дискусија посветена на феминативите и нивната улога во современиот македонски јазик. Настанот ќе отвори разговор за тоа колку сме подготвени да ги менуваме јазичните навики и како зборовите влијаат врз начинот на кој ја разбираме и обликуваме реалноста.
- На настанот ќе се обратат проф. д-р Симон Саздов од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, етнологинката и антропологинка Јана Коцевска и македонистката и лекторка Татјана Б. Ефтимоска. Организаторите најавуваат отворен разговор во кој публиката ќе има можност активно да се вклучи и да придонесе кон дебатата за јазикот, родот и општествените промени.
- Филмот „Фјорд“ од романскиот режисер Кристијан Мунџиу ја освои Златната палма вечерва на 79-от Меѓународен филмски фестивал во Кан, објавија француските медиуми. Мунџиу ја доби својата прва Златна палма во 2007 година за филмот „4 месеци, 3 недели и 2 дена“.
- Гран при наградата ја освои продукцијата „Минотаур“ од рускиот режисер во егзил Андреј Звјагинцев, додека наградата на жирито ја доби филмот; „Сонуваната авантура“ во режија на Валеско Гризебах.
- Наградата за најдобар режисер им припадна на Хавиер Калво и Хавиер Амбрози за филмот „Црната топка“ (La Bola Negra), како и на Павел Павликовски за филмот „Татковина“.
- Претседател на жирито оваа година беше јужнокорејскиот режисер Парк Чан Вук, а во жирито беа американската актерка Деми Мур (Мур) и кинеската режисерка Клое Жао.