- Синан Гуџевиќ се надоврзува на претходен текст за наводната адреса на живеење на Нина Спирова во Чачак и за исто така наводната вест дека смртта ја затекнала во Филаделфија (види тука). Со помош на двајца свештеници и една новинарка, тој дознава дека таа умрела во селото Коштуниќи, помеѓу Чачак и Горњи Милановац, кадешто е и закопана, на 13 септември 2020.
- Необично е што неточната вест дека Спирова починала во САД во 2020 ја пренеле над дваесет македонски веб страници, без да ја проверат информацијата. Таа всушност никогаш и не живеела во Филаделфија, туку понекогаш таму ја посетувала својата пријателка од Коштуниќи. Во Србија имала статус на истакнат уметник, но од Македонија немала пензија. Како дошло до тоа македонската и југословенска Ела Фицџералд, како што ја нарекувал Шпато, да исчезне од сеќавањето?
- Спирова засекогаш се повлече од естрадната сцена во почетокот на 1980-те години. Во тоа време од Скопје се преселила во Белград и Загреб, а се сметаше и дека подоцна живеела во Германија, па во САД.
- Дали е чудно да се каже антропологинка, етнологинка или гинекологинка? Одговорите на овие и многу други прашања ќе бидат во фокусот на дискусијата „Од каде сега феминативи?“, што ќе се одржи на 4 јуни (четврток) во Лабораториум со почеток во 19 часот.
- Иницијативата „Зборци“ организира отворена дискусија посветена на феминативите и нивната улога во современиот македонски јазик. Настанот ќе отвори разговор за тоа колку сме подготвени да ги менуваме јазичните навики и како зборовите влијаат врз начинот на кој ја разбираме и обликуваме реалноста.
- На настанот ќе се обратат проф. д-р Симон Саздов од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, етнологинката и антропологинка Јана Коцевска и македонистката и лекторка Татјана Б. Ефтимоска. Организаторите најавуваат отворен разговор во кој публиката ќе има можност активно да се вклучи и да придонесе кон дебатата за јазикот, родот и општествените промени.
- Филмот „Фјорд“ од романскиот режисер Кристијан Мунџиу ја освои Златната палма вечерва на 79-от Меѓународен филмски фестивал во Кан, објавија француските медиуми. Мунџиу ја доби својата прва Златна палма во 2007 година за филмот „4 месеци, 3 недели и 2 дена“.
- Гран при наградата ја освои продукцијата „Минотаур“ од рускиот режисер во егзил Андреј Звјагинцев, додека наградата на жирито ја доби филмот; „Сонуваната авантура“ во режија на Валеско Гризебах.
- Наградата за најдобар режисер им припадна на Хавиер Калво и Хавиер Амбрози за филмот „Црната топка“ (La Bola Negra), како и на Павел Павликовски за филмот „Татковина“.
- Претседател на жирито оваа година беше јужнокорејскиот режисер Парк Чан Вук, а во жирито беа американската актерка Деми Мур (Мур) и кинеската режисерка Клое Жао.