Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Фестивалот на јадење книги се враќа!

10 мај 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Фестивалот на јадење книги со еднодецениска традиција се враќа, и тоа на нова локација - Цреша Бар. Темата на изданието број 11 е „Јапонија во моето срце“ - книги од и за Јапонија од секаков жанр, вклучително и манги. Настанот е поддржан од Japan@mk.
  • Ако до сега не сте учествувале, правилата на фестивалот се едноставни: подгответе нешто за јадење, пиење, грицкање, „лапни-голтни“, благо-солено-луто-умами, што асоцира на писател, лик или наслов на книга, напишана од јапонски автор или таква која има врска со оваа земја. По изложување на делата, публиката гласа, а потоа истите се дегустираат. Наградите се скромни но шизички. 

Датум: 20.05.2023 од 12 часот (гласањето ќе започне во 13.00)

Место: Цреша бар | Cresha Bar

  • На линкот, галерија од последното физичко издание на фестивалот на тема „Книги и музика“, за инспирација.
извор

„Златен лав“ во Венеција за данскиот „Непознатата жена“

13 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Филмот „Непознатата жена“ на данско-египетската режисерка Меј Ел-Тухи ја освои наградата „Златен лав“ за најдобар филм на 83. Филмски фестивал во Венеција. Овој психолошки трилер, чие дејство се одвива по Втората светска војна, беше еден од само двата филма режирани од жени што годинава се натпреваруваа за „Златниот лав“. Дејството се одвива во Данска, во летото 1945 година.
  • Меѓу другите награди во главната конкуренција, Ли Чанг-Донг ја освои Големата награда на жирито за филмот „Можна љубов“, кој ја истражува суровоста на модерната економија. Сребрениот лав за најдобар режисер му припадна на Иља Хржановски за филмот „ДАУ“.
  • Израелскиот документарен филм „Наза“ на Јувал Абрахам и Рејчел Зор – кој предизвика силен одек и рекорден 25-минутен аплауз на премиерата, а се занимава со нападите на израелската армија врз цивили во Газа – ја освои Специјалната награда на жирито. Фаворитот Џон Малкович ја освои наградата „Волпи“ за најдобар актер за улогата во филмот „Уајлд хорс уан“, што ги поттикнува и неговите надежи за „Оскар“. 

Сите други награди на линкот.

извор

„Зборотворба на годината 2026“

9 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Здружението „Зборци“ ја организира годинешната „Зборотворба на годината“ манифестација посветена на македонскиот јазик, зборообразувањето, книжевноста и музиката, која ќе се одржи на 12 септември (сабота), со почеток во 19:00 часот, во дворот на Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. Влезот е бесплатен.
  • Настанот ќе започне во 19:00 часот со дискусија на тема „Озборување“, чиј модератор ќе биде Виктор Бучковски. Темата поаѓа од идејата дека озборувањето, иако најчесто се разбира негативно, е една од најстарите и најприсутните форми на човечка комуникација и важен дел од начинот на кој преку јазикот градиме блискост, доверба и правила во заедницата.
  • По дискусијата следува музичката програма, замислена како спој на различни генерации, жанрови и изрази од македонската сцена. Во 20:15 часот ќе настапи Женскиот младински хор при МКЦ, во 20:45 часот Лидија Кочовска и Јоргуш, во 21:30 часот Вец Вајс Верс, а во 22:00 часот „Животни“. Во 23:00 часот следува заедничкиот настап на Принцес Донатсу и Донплеја со Битолскиот камерен оркестар, додека вечерта во 00:00 часот ќе ја заокружат „Маратонци“.
  • За изборот на победничките зборови годинава одлучува жири-комисија составена од луѓе што доаѓаат од различни области. При изборот предност ќе имаат зборотворби што имаат шанса да фатат корен во секојдневниот говор, зборови што можат да понудат домашен еквивалент на постоечки интернационализми, како и креативни решенија во кои звучноста и употребливоста се среќаваат во природна целина. 
    Да се потсетиме на ланскиот победник - „стивнина“.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Кога жена ќе ти одбере таблица

Возила
2

Не само зјапајте во тоа телефоните

Видео
3

Дејвид Гета многу убаво си поминал во Македонија

Музика
4

Вработена во полиција ВТОРПАТ фатена во фалсификување лични документи

5

И во Хрватска се чудат на ПИСА тестовите, но, таму има уште нешто

6

После ова, ќе олабавите со Trip Advisor

Забава
7

Али Ахмети Ахмети маршираше во Приштина за екс лидерите на УЧК

8

4 милијарди мртви, доволно ли е за вест?

Разно
1

ПИСА тестирање - зошто се важни и локалните разлики?

Bookbox
2

Стеници добија име по Тејлор Свифт

Bookbox
3

100 години од раѓањето на Џон Колтрејн: што откриваат нови тајно направени снимки за големиот бунтовник на џезот?

Bookbox
4

„Златен лав“ во Венеција за данскиот „Непознатата жена“

5

Пробивањето на „четвртиот ѕид“ во древната керамика

Bookbox
6

Антички хеви-метал

Bookbox
7

Картата не е територија: што покажуваат, а што искривуваат различните карти

Bookbox
8

Нашите елоквентни раце: зошто гледањето на дланка не е баш толку ненаучно?

Bookbox
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Добрите луѓе не забораваат

Балканштина

Ризикувајте, еднаш се живее

Балканштина

Нашиот омилен фитнес инфлуенсер

Македонштина

Шахтата поправена

Македонштина

И за ова ли треба упатство???

Разно

Американците ни го признаа ќ-то

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Макенго, од Градежен

Ја шмркаат ли?

Богатите трујат, сиромашните шмукаат еко-цевчиња

Кога ќе се сетиш дека го имавме Горан

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy