Ема Зафирова - наставничка со рецепт како децата повеќе да читаат
3 април 2022
- Ема Зафирова денес работи во општина Центар, но има дванаесетгодишно искуство како одделенски наставник во ОУ „Ј. Х. Песталоци“. За да го поттикне читањето таа вовела натпревар, со тоа што сите ученици кои имале прочитано дополнителна книга покрај лектирите добивале награда.
- По секоја прочитана книга ученикот требало да ја прераскаже пред останатите и да им објасни зошто и тие треба да ја прочитаат. Децата биле мотивирани, а на овој начин бил вежбан и јавниот говор.
- Со учениците и родителите била формирана и одделенска библиотека, во која учениците носеле книги од дома.