„Дијагноза“ - изложба на фотографии на Драги Неделчевски
8 ноември 2022
- Со почеток во 20 часот, вечерва (8 ноември) во галеријата „КО-РА“ ќе се отвори изложбата на фотографии „Дијагноза“ на Драги Неделчевски.
- „Овојпат, се решив за еден проект кој беше тежок да се истера до крај. Тежок од повеќе аспекти. Емотивно, етички, технички, артистички, фотографски… Секој од нас има понекоја дијагноза. Општеството во кое живееме има дијагноза. Светот, исто така. Со овие фотографии сакав да поставам некои прашања, без очекување дека ќе ги најдам сите одговори. 26 фотографии и илјадници прашања“, вели Неделчевски.
- Изложбата ќе биде отворена до 15 ноември.