Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Да му помогнеме на „Антолог“!

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • „Антолог каков што го познавате и го сакавте - повеќе не постои“ - вака почнува објава на Книжевниот центар Антолог по големото невреме што го зафати Скопје неодамна, а кое заедно со несоодветната изведена канализација во регионот на Кисела Вода предизвика голема материјална но и емотивна загуба не само за оваа издавачка куќа, туку и воопшто, за македонската јавност.  
  • За да се ублажат последиците од штетата која уништи магацин, целосниот инвентар (дури и книги што уште не се влезени во продажба), техника и возило, започна солидарна акција за помош. 

Еве како може да се помогне:

– Со купување на моменталните резерви на изданијата на „Антолог“ достапни во книжарниците на линкот (со тоа што книгите нема да можат да бидат доставени веднаш).

– Помош со механизација за расчистување на просторот.

– Привремено бесплатно отстапување на магацински простор. Контакт телефони на „Антолог“: (+389) 75 228 984, (+389) 2 6169 150

– Со директна финансиска помош на нивната денарска и девизна сметка.

АНТОЛОГ – БООКС ДООЕЛ СКОПЈЕ
ул. Ѓорѓи Пулевски бр. 29-лок.1
Единствен даночен број 4080014541495
Жиро сметка 300000003674784
Депонент на Комерцијална банка а.д.

извор

Водич за 108-те додворувачи на Пенелопа во „Одисеја“

15 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Пред премиерите и пошироката дистрибуција на Нолановата „Одисеја“, Харперс Базар објавува водич за сите 108 додворувачи на Пенелопа кои упорно чекаат таа да избере друг сопруг, во отсуство на нејзиниот Одисеј. Не дека и Хомер им доделил на сите кој знае какво внимание, но добро е да се знаат барем неколкумина за подобро следење на дејството.
  • Антиној е главниот иницијатор за заговорот против Одисеј и неговиот син Телемах. Тој е оној кој предлага да се убие Телемах за да се осигура дека престолот на Итака ќе остане слободен. Груб и арогантен, тој ја претставува аристократијата во надолен пад, раководел од алчност а не од вистинска љубов. Го игра Роберт Патисон.
  • Евримах е благородник од Итака кој се претставува како харизматичен и шармантен, но е дволичен, учествувајќи во заговорот со Антиној да го убие Телемах и спиејќи со слугинката на Пенелопа за да добива информации. 
  • Полибиј е многу помудриот татко на Евримах, еден од последните кои ќе преживеат во конечната битка. Ќе биде убиен од свињарот Евмај. 

Останатите на линкот.

извор

Почина Сем Нил

13 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Новозеландскиот актер Сем Нил, кој светската публика најмногу го памети по улогите во филмовите „Паркот Јура“ и „Пијано“, почина во Сиднеј на 78-годишна возраст. Во објава на неговите профили на социјалните мрежи, семејството наведе дека смртта била „ненадејна и неочекувана“. Нил во 2023 година откри дека му бил дијагностициран ангиоимунобластичен Т-клеточен лимфом, редок и агресивен вид на не-Хочкинов лимфом. По лекувањето со терапија со генетски изменети Т-клетки, во април оваа година соопшти дека повеќе нема траги од болеста.
  • Во текот на својата богата кариера Сем Нил важеше за еден од најразновидните и најпрепознатливите актери од Нов Зеланд. Со леснотија настапуваше и во авторски филмови и во големи холивудски продукции. Најголема светска слава стекна со улогата во „Паркот Јура“, а во филмот „Пијано“ го толкуваше сопругот на ликот што го играше Холи Хантер.
  • Тој припаѓаше на генерацијата актери и режисери кои стекнаа меѓународна афирмација по подемот на австралиската кинематографија кон крајот на седумдесеттите години од минатиот век. Иако целиот свет го доживуваше како новозеландски актер, неговите корени се во Северна Ирска. Роден е во 1947 година во градот Ома, во округот Тајрон, каде што неговиот татко, офицер во Ирската гарда и по потекло Новозеланѓанец, бил распореден на служба.

    (фото: EpaImages)
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Вака треба со сите сељачки прашања: „Се зборува дека...“

Македонштина
2

Како да не ни беа доволно стресови

Медиуми
3

Прашање од доктор

Балканштина
4

Британија е десет дена од недостиг од храна

Свет
5

Тројно прскање во Бугарија

Балканштина
6

Трамп го прегази „чесниот збор“ за Украина

Свет
7

Кога нормален човек ќе налета на глупи и параноични Грци

Македонски рулет
8

Традицијата на Педри и татко му

Фудбал
1

Кога Вилијам Бероуз ги проучувал Маите

Bookbox
2

Скриената историја на зборот „ментор“

Bookbox
3

Како го гледав „Одисеја“ во грчко летно кино

Bookbox
4

Куќата во која е роден Хитлер претворена во полициска станица

Bookbox
5

Доставувач на храна ја освои најпрестижната книжевна награда во Кина

Bookbox
6

Букбокс читанка: „Црната молња“ од Башир Храјеф (1961)

Читанка
7

Водич за 108-те додворувачи на Пенелопа во „Одисеја“

8

Што можеме да научиме од средниот век за спречување на „прегорувањето“

Bookbox
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Вака треба со сите сељачки прашања: „Се зборува дека...“

Медиуми

Како да не ни беа доволно стресови

Балканштина

Прашање од доктор

Разно

Скопје го јадеше

Балканштина

Тројно прскање во Бугарија

Балканштина

Само треба да се издржи

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Патен налог: До Месечината и назад

Нано знае да рачуна проценти на идентитети

Кумовите на ДБК

"Да си ја пробаме среќата" виц на денот

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy