Да го поддржиме Зрно - првиот фестивал на алтернативна фотографија
11 април 2022
- ЗРНО е меѓународен фестивал на алтернативна фотографија. Под ова се подразбираат сите убави и често заборавени процеси од времето на раната фотографија, но и нови експериментални пристапи. „Зрно“ поради фото зрната кои се акцентирани во сите алтернативни фото процеси, но и „зрно“ како нешто што се сади, расте и потоа наградува со плод.
- Бидејќи средствата кои фестивалот ги добил не се доволни за асална организација, лансирана е кампања за собирање средства. Ваков фестивал не само што до сега немало во Македонија, туку нема ни во светот.
- Сумата што ја бараат е навистина скромна и секоја донација е значајна. Благодарност однапред.