- „Филмај“ 2022 фестивалот на краток филм – Куманово ќе се одржи oвоj четврток (2 јуни 2022), во НУЦК „Tрајко Прокопиев“ – Куманово, со почеток во 19 часот. Организатор е фото-кино клубот „Козјак“ - Куманово, а влезот е бесплатен. Подигање на картите на билетарницата на Центарот за култура.
- Во два 90-минутни блока (со пауза од 20 минути помеѓу) ќе бидат прикажани 11 филма. Наградени филмови се косовскиот „Изместено“ режиран од Самир Карахода, македонскиот „Северен Пол“ со Владимир Самоиловски како директор на фотографија, „Божиќен Ангел” (Грција) по сценарио на Фотис Зампетакис, заедно со најдобриот домашен филм „Обичната Ели“ и најдобар краток филм „Сама“ од Хрватска.
- Официјално селектирани филмови кои ќе бидат прикажани се венецуелскиот „Импровизирана земја“, италијанскиот „Свет син“, Work It Class! од Шпанија, австралискиот „Мајсторот“ и „Сочувствување“ (САД), како и домашниот студентски документарец „Мачор“ на авторката Тина Величковиќ.
- Дали е чудно да се каже антропологинка, етнологинка или гинекологинка? Одговорите на овие и многу други прашања ќе бидат во фокусот на дискусијата „Од каде сега феминативи?“, што ќе се одржи на 4 јуни (четврток) во Лабораториум со почеток во 19 часот.
- Иницијативата „Зборци“ организира отворена дискусија посветена на феминативите и нивната улога во современиот македонски јазик. Настанот ќе отвори разговор за тоа колку сме подготвени да ги менуваме јазичните навики и како зборовите влијаат врз начинот на кој ја разбираме и обликуваме реалноста.
- На настанот ќе се обратат проф. д-р Симон Саздов од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, етнологинката и антропологинка Јана Коцевска и македонистката и лекторка Татјана Б. Ефтимоска. Организаторите најавуваат отворен разговор во кој публиката ќе има можност активно да се вклучи и да придонесе кон дебатата за јазикот, родот и општествените промени.
- Филмот „Фјорд“ од романскиот режисер Кристијан Мунџиу ја освои Златната палма вечерва на 79-от Меѓународен филмски фестивал во Кан, објавија француските медиуми. Мунџиу ја доби својата прва Златна палма во 2007 година за филмот „4 месеци, 3 недели и 2 дена“.
- Гран при наградата ја освои продукцијата „Минотаур“ од рускиот режисер во егзил Андреј Звјагинцев, додека наградата на жирито ја доби филмот; „Сонуваната авантура“ во режија на Валеско Гризебах.
- Наградата за најдобар режисер им припадна на Хавиер Калво и Хавиер Амбрози за филмот „Црната топка“ (La Bola Negra), како и на Павел Павликовски за филмот „Татковина“.
- Претседател на жирито оваа година беше јужнокорејскиот режисер Парк Чан Вук, а во жирито беа американската актерка Деми Мур (Мур) и кинеската режисерка Клое Жао.