- Бесплатната работилница „Културен континуитет во применетиот дизајн“ ќе се одржи од 13 октомври до 3 ноември на Лабораторијата за индустриски дизајн при Машинскиот факултет во Скопје, во соработка со „Култур код“. Работилницата е наменета за сите ентузијасти кои сакаат да го збoгатат своето знаење за македонската култура и традиција и да го преточат во современ производ.
- Програмата опфаќа четири интензивни предавања планирани во Лабораторијата за индустриски дизајн. Учесниците ќе истражуваат клучни поглавја од македонската култура и традиција, како и да се стекнат со практични знаења од областа на: 3Д моделирањето и дигитално обликување, изработка со современи технологии и еколошка одржливост (соодветен избор на материјали и технологии). По завршувањето на теоретскиот дел, предвидено е време за за самостојна и тимска работа со континуирана менторска поддршка од експерти.
- Работилницата ќе заокружи со завршна презентација на идејните решенија пред стручно жири составено од предавачите. За најдобриот концепт/дизајн обезбедена е финансиска поддршка за изработка на прототип (серија на производи), како и можност за негова промоција и комерцијално пазарно пласирање.
- Учеството е бесплатно, но поради ограничениот број места, задолжителна е претходна регистрација. Краен рок за пријавување е 10 октомври.
Линк за регистрација.
- Оние што како нас секој ден решаваат Зборле знаат дека зборовите почнаа да се повторуваат - сепак со пет букви има ограничен фонд. Сега на Михаил Стевчев му текнало да направи зборле со 6 букви - Шестерка.
- Кодот му е опен сорс на неговиот Гитхаб профил, а повеќе детали како одел процесот има во овој пост.
- Го пробавме денес и добро е - оди на линкот.
- Од 26 до 30 октомври 2026 година, Кино Фросина при Младинскиот културен центар и Џебното кино во Скопје ќе бидат место каде планините „зборуваат“ преку филмови, презентации, средби со гости и активности за сите генерации. Сите настани се бесплатни.
- ЕХО 17 носи петдневна програма, овојпат со 49 проекции од меѓународната селекција. Приказните ги спојуваат алпинизмот, планинарењето, спелеологијата, екологијата, културата, авантурата и секојдневниот живот во планинските заедници. Покрај филмовите, публиката ќе може да слушне домашни и странски гости, да присуствува на разговори и да ги доведе децата на детски работилници.
- Фестивалот се отвора во понеделник, 26 октомври, во 19:00 часот во Кино Фросина. Веднаш потоа Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ ја претставува пештерата Врело во Матка, најдлабоката пештера во светот истражена од човек, со длабочина од 338 метри. Првата вечер завршува со филмот „Фрост – приказната на животот“ на Том Сивел од САД.
- Програмата не е само за алпинисти и планинари. Таа е за секого што сака добра приказна за природата и луѓето. Ќе се прикажуваат филмови за големи искачувања, скијање, пештерски истражувања, диви реки, климатски промени, женски приказни од планината и заедниците што живеат покрај неа.
Програма по денови тука