„Светот е полн со преморени луѓе на кои им треба оддишка - затоа ги наполнив моите снимки за спиење со звуци, гласови и други нешта кои ќе ви помогнат добро да се одморите", вели Џеф.
100% од продажната цена на секој албум, достапен на официјалниот сајт, оди директно во фондацијата „Ниту едно гладно дете", така што слушајќи го знаете дека им помагате на гладните деца во Америка. И што е најважно - се плаќа колку што можете и колку што сакате. Издадено е и луксузно винилно издание и на касета дизајнирани од уметникот Лу Бич (Lou Beach), кој претходно има направено откачени корици за албуми на Реј Манзарек, Чарли Хејден или Полис
Албумот е снимен со композиторот Кифус Чианчија (Keefus Ciancia) кој ја има напишано музиката за True Detective. Додека работеле им се случувало да се заслушаат во снименото, и да задремат. Тогаш им станало јасно дека проектот функционира.
И ние се заслушавме, но лошо предвидовме - тоа го сторивме рано наутро, и еве, уште не можеме очи да отвориме.