„Гуфи“ (goofy) е германски младински збор на 2023-та според анкета која ја спроведува германскиот издавач Лангшајд.
Позната на говорниците на англискиот, придавката е прифатена и во германскиот сленг за опишување на некој кој е по малку чуден или глупав. Дефиницијата делумно отстапува од онаа во англискиот, каде опишува безопасен смотанко, но не и чудак.
Победникот се бира секоја година со јавно гласање, во кое им е дозволено да учествуваат оние помеѓу 10-20 годишна возраст. „Гуфи“ беше популарен термин во 1950-тите во САД, благодарејќи на славниот лик на Волт Дизни, кај нас познат како Шиљо.
Последниве години често се случува најпопуларниот германски младински збор да е англицизам. Уште во 2016 пишувавме дека тогашниот победник „флај“ е заемка од американскиот хип-хоп сленг. Сепак, оваа година во најтесен избор влегоа и некои познати германски изрази како „ауф лок“ (да се биде релаксиран, раат) или „дига“ (diggah), збор кој значи нешто како „брат“, а се користи во германскиот сленг од 1990, како кратенка од dicker (дебел).
Целата листа на првите 10 збора тука