Патриидиотска читанка за почетници

Ѓорѓе... Овака бе брат 22 на 56 селективно, да те прашам...

Си ја чул ли онаа: Да је Исус Херцеговац био, тко би њега разапети смио?

 Што кој мој да пишувам, си мислам у себе додека зјапам у насловнава на Политикин Забавник. Си го купив денес за да летам со мислите назад у детството мое златно, социјалистичко. Кој ги ебе сите оние кои сакаат да мислат само на убер мацедонише демократија. На онаа набожемски демократија од која живи се посравме од страв што ќе биде со нас цели 24 години. Мене уосталом вака почна да ми паше, и вака си живеам.  Без медиумски трујачници. Деведесет денара од џеб, и ај пријатно, си прочитав тривијални работи додека се возев за Табановце каде ме чекаат оние кои на чекор кон Европа ксенофобична бараат утеха и живот далеку од војни и страдања. Кај оние кај кои не видовме нешто да украдат, а само беа искрадени, исплукани и омаловажени.

Рака на срце...

Што човек во овие техничко - експертски времиња, шарено и црвено - црно да прочита? Со што да се замае, а тоа да биде плод на нечие истражување, научно откритие, дар за човештвото, влог во иднината? Кого да го ислуша, чие да биде одбрането, а тоа да биде, факат - така било бе, стварно така се десило..

Квадратура на кругот кој не е тркалезен. 

На кого уште му треба Грујо или Заев за да се погледне себеси 24 години наназад и да сфати дека се вртиме ко пувеж у гаќи над истото сивило, транзициско. Кој уште ги слуша перфидните стереотипи, а кои доаѓаат од кафански шанкови или академски кулоари убедувајќи нè дека да беше вака, ама онака, поарно ќе се живееше? 

Туга, брате, кажано на земунски.

Избравме тешки и нејасни, неискрени патишта кои требаше да водат до вистината од која упорно бегаме. Од онаа која нејќеме да ја дознаеме. Во инфлација на обиди да дојдеме до вистината во вид на разни комисии, одбори, форуми, движења, стренџери, избори, вистината е сè подалеку, и сега и овде, резултат е дека уствари на пола држава и се ебе за вистини, сè додека во џеб ландара пасапорта на Татариве.

А до вистината нит се доаѓало, нит се доаѓа со комисии, џитки и изјави со наслови километар долги и однапред изрежирани. До вистината со мозок се доаѓа. Така пишува у Политикин Забавник. Со оној ист мозок кој држан во лер позиција, повеќе ќе послужи за одење во цивилизациски рикверц како одредница за иднината. Со оној ист мозок со кој свесно не сакаме да кажеме доста е, за да оставиме оние отаде девет мориња и девет планини накрај да ни судат како газдата на Езоп кој се налутил зошто секој ден за ручек, Езоп му принесувал јазик во сос, не знаејќи глуп газда дека јазикот крие мозочна активност која сами ја покренуваме, а од која активност во збор преточена, или ќе победиме или ќе го наебеме бетер од жутиве.

Па еве и јас комуњарка напамет знам што пишува во Библијата: Смртта и животот од јазикот ти зависи. Нели Ѓорѓе, селектору?

Мачка ли му питерина. У Забавник барав кај ми се потврдува дека животот филм не е. Уствари е. Ама оној филм кој ни го прикажа Кустурица, одамна. Остана мистеријата неразјаснета. Зошто тогашните му ги одобрија Доли Бел и сите сеќавања?

Ќе иде изгледа отац на службеном путу, кај и да е. Тато на тој филм мене у кино ме одведе, не претчуствувјаќи дека сепак дождот на Милчо ќе прелее по кино салите полни со сончоглед и семки измешани. На оној Милчо кој од цела милина, во Америка ни избега.

Пендрек насушен.

Не знам веќе која е вистината. Знаат ваљда оние кои во одбрана на нечија (не) вистина застанаа. Оние кои бранат политичари, банкари, конзорциуми, кои бранат излози, влезови, коли и измислени наследства. Секакви, само не историски.

Не.

Вистината е само една. Апсолутна. Никој не ни е крив за слепилото при две очи. За глувост при две уши. Никој. Сорос можда. Евентуално. 

Сандра 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

1 јуни 2016 - 01:20