Кој го покри Прометеј?

Ете. Таман ќе се испозанесеме дека сме модерни и слободоумни и ќе се избаци нешто вакво. Наводно некакви женски организации биле длабоко навредени поради голата машка скулптура во Жена-парк. Вика, им ги загрозува женските чувства бе. Како им текнуе?

Ете. Таман ќе се испозанесеме дека сме модерни и слободоумни и ќе се избаци нешто вакво. Наводно некакви женски организации биле длабоко навредени поради голата машка скулптура во Жена-парк. Вика, им ги загрозува женските чувства бе. Како им текнуе?

Што толку ги увреди бе, машка фигура со очи да не видат! Нивните синови имаат такво, нивните ќерки зависи од возраста наскоро ќе видат, ако веќе не виделе. Неколку. Поише. И жал ми е што морам да бидам вака искрена, ќе им се свиѓа. И уште ќеифот им го прават, го покриваат. Не, јас ич не сум инаетчика, не би го ставала за инат гол, да патат чедните жени. Си има тоа зашто е така и си има параметри што ги поставил некој далеку попаметен од нас, многу порано. Ама што сега? Ќе мижиме пред уметноста и сексуалноста? Ќе се преправаме дека сме Барбики и Кенови?

Драги мои, тоа што барате да биде покриено, прво и основно ви ги дало вашите деца што толку се трудите да ги заштитите од срамотилаци. Да не праам муабет колку пати ви направило да ви биде финко на душата и без да вроди со плод зван дете. Или па, баш и не сте виделе аир од него, па сега да го покриеме? Да не ве потсеќа дека не го познавате колку што налага природата?

Големиот Страшен К... овај, Суд.

Нема ништо погњаваторско од судот на заулавени, навидум чесни луѓе. Они не даваат да се легализира проституцијата затоа што мислат дека тоа значи дека баш нивните партнери одма први ќе се занесат таму. Они не одобруваат хомосексуалност затоа што сметаат дека ако го направат тоа, баш нивното дете магично ќе стане геј. И они трчаат по град фрлајќи партал по секое навестување на голотија.

Не дека пукнав да ги гледам гениталиите на скулптурата, ме нервира поривот некој да се пожали за таква глупост. И тоа дека некој ги послушал, па и облака гаќи. А бе, сите такви ликови би ги частела авионски карти, пола до Рим, пола до Амстердам. Едните да пијат кафе во по некој излог (знаеме каков излог), другите да поуживаат во бисерите на уметноста. Како Давид на Микеланџело на пример (немајте гајле, не е страшен) или можеби по некоја шетња низ Систинската капела. Со гледање нагоре обавезно. Во музејот на Дали не ги носам, нејќам да ги носам на душа, кога ќе им се качи притисокот од овој развратен генијалец.

Ако ништо друго, барем Сојузот на женски организации, или како веќе, се огради од овие глупости. Знам, знам дека жените се ултра-паметни суштества! Затоа ме нервира кога ќе се појават вакви сподоби да нè реметат.

Одамна требаше да ви биде јасно. Приказ на голо женско и машко тело не се обидува да ве навреди, не да ви предизвика непријатност и одвратност туку да ве СЛАВИ.

Ја слави Природата, го слави Бог, или Еволуцијата, или Универзумот.
Она што вас ви е битно, па вие штиклирајте.

 

Јана

nultapozitiv@yahoo.com

твитер

31 мај 2012 - 11:01