Град полн суперхерои

Еве, имаме стрипаџии. Имаме метал и панк бендови со вонсериски квалитет. Не ми е целта да расправам колку сме најјаки у свет. Не сум ни јас до толку патриот, али сум реална.

Еј, колку му се израдував на цртанчето за македонскиот суперхерој! Се вика Македон, плав е, згоден и ревносно се бори против безобразни вонземјани што сакаат да ни го узурпираат и уништат Скопје. Безмилосен е. И просто те треска од земја фактот, колку многу талент лежи меѓу нас. Све некако забораваме. Све се затупуваме со глупости секој ден и се бавиме со политика, се бавиме со на комшијата козата, а некој седи и си цртка, и прави нешто супер.

Можете ли да замислите дека постојат стотици детски соби, атељеа, гаражи, празни подруми, каде што луѓето што ги познаваме или ги гледаме секој ден, создаваат нешто епско? Нешто што ќе не вивне во облаци? И нешто што често не мрда од зад тие затворени врати?

Еве, имаме стрипаџии. Имаме метал и панк бендови со вонсериски квалитет. Steel Temple ги чув еднаш, пред Whitesnake, и не сакав да завршат. Од Македон одма посакав втора епизода. Новиот Почеток можат да стојат рамо до рамо со нивните светски познати колеги. Ми звучат светски. Така викам, затоа што 'македонски' некако ич не се користи како синоним за квалитет.

Се опседнавме со историја и географија, а нашите музичари ги обожаваат по странство и занемено ми симнуваат капа. Нашите режисери лом прават по европските театри, ние со Грчка се објаснуваме на кој му е подолг. Нашите спортисти соборуваат рекорди, ние воштани фигури правиме. Имаме толку многу интелигентни луѓе што можеме да оформиме најѕверски универзитет на планетава, ама ние гњуриме по кокошарници и бараме јајца со знамиња. И тоа го даваме на вести. Немој да има на вести дека во Македонија се возат custom-build мотори, склопени и креирани од Македонци.
Не можеме ни да замислиме колку потенцијални светски бестселери се заборавени по фиоки. Колку концепти за телевизиски емисии и колку нацрти за нови производи.

Не ни сфаќаме дека е време да го пратиме Агресорот на Евровизија.

И го натераа Боки 13 да се откаже од јавност, ко да не ни е доста од еднолични водителки и забављачи што едно те исто не престанаа да зборат. Секоја чест на исклучоци, а и нив нешто не ги гледаме. Гледаме глупости.

Не ми е целта да расправам колку сме најјаки у свет. Не сум ни јас до толку патриот, али сум реална. Упорно забораваме колку нè бива. Плус, ми недостасуваат стрипови. Да, секогаш можам да ги препрочитам моите, ама ај, ако некој си чува сопствени креирани епизоди по дома, нека ги објави некаде. Може ќе ги вратиме у мода.

Поздрав драги креативци, бидете така. Бидете и подобри.

Јана

nultapozitiv@yahoo.com

твитер

19 јуни 2012 - 13:09