Работата ослободува

Проклета је Америка

Мудрец што талка, како Chow Yun-Fat во Конфучије, или ко David Carradine ко во Кунг-Фу-Тај стил!

Добив азил во една западноевропска земја и ке ја бранам Македонија од овде - како секој прав патриот!

Се пентариме во Скопје со еден куп народ во автобус на Reißen Tours и тргаме.

Насмеани лица на штрбави Роми и гастербајтери Албанци насекаде, плачот на малото бебе од 8 месеци ја размрдува миризливата атмосфера на синтетички чорапи и ефтини кинески чевли.

Заспивам, онолку колку што може човек да спие у автобус - со едно око и искичмен, и за саат сме на првиот checkpoint.

Си влегува македонската полиција да собере пасоши и да провери ко меџу нама није наш!

Абе ние на свадба сме тргнале - кажува Ромот со 6 деца, жена и 100 куфери!!!

Лажни азиланти, кутри копилиња на кои што некој има ја продал причата дека на Запад ги чека гага социјална помош и само си лежиш и си пичиш филм.

Бројката на патници се намалува за 12, ама итриот Азис (или како и да му е иметo) чека на граница уште 3 саата за да убациме нова 12 ка во автобусот - фазла арч да не иде!
 
Нашиот пасош демек без виза и опа, после српска граница кога почнаа да вадат Албанциве бугарски пасоши, и тие 3-ца Македонци што беа у автобусот, не рачунајќи ме мене - јас си иам полски (courtesy of my keva iz poljske).

Епа после српска граница стана безбедно да се пушти албанска К15 верзија... ауууу народе, среќа backup имав мобиљка со слушалици и еден куп музика ама да биде бељата поголема после 10 саата покажа црвена цртка, а треба да ме чекаат од Франкфуртска на автобуска, па како да ги обавестам ако ми скине мобилниот?
Немаше спас - опасно беше, на своју... како да кажу вољу и храброс, извадија ги слушалките, ризик јак - мила душа, па и да погинеш, колку можеш ќе се спасиш.

Залихи што имав - изедов, не планирав дека ќе патуваме пет дена!!!
 
Во Словенија застанавме на 38 - мата пауза, пошто мора качак да се корне, а теткицата пред мене што седеше изгорела за цигара пустата, со нога тазе по операција, за да влезе и излезе од автобус, ама буквално 2 реда седишта да помине и скали - требаа 5 минути и после се праело гужва у 16терец за влез и излез, тоа да видиш!
Како и да е, се симињаме пред некое бистро у 4 сабајле, тргнавме у 8, а сме само до Словенија!!!
У натре работат Албанци из Тетове и Шкуп, ми вика едниот еее...од нашето Скопје си (му ја ебаа мамата на Скопјето си мислам у себе) и ми дава порција паприкаш.

32 саата по тргнувањето од Скопје конечно стигнавме у Франкфурт, претходно у Минхен лапнав набрзака еден од чувените Бургер Вуперс - абе на "Другарче" девојчето од Меџик може вода да и носат!

Лепота божја, никој не те познава...Џака Накот неам слушнато да каже никој со денови - нема ни да се случи, тотално анонимен, ослободен од екстрадиција, патриотски настроен и делумно информиран - што од Вест, што од Сител, спремен да и се изнасерам на гарнитурата и кожните фотељи на Владата и да се вратам на власт како Кастро кога најмалку очекуваат.

ПС:
Бензинот е 1,47 евра за литар. А просечната сметка за струја е помала од македонската и минимална плата е 800 евра за 140 часа месечно, па, што друго да кажам... радувајте се на СитиМол, и цепете дрва - Мрмотот предвидува долга и студена зима.

 

 

12 септември 2012 - 12:15