Господ бог решил да го создава светот, се фатил за работа, засукал ракавите и почнал.
Вториот ден Ѓаволот му влегува во работилница.
Ѓаволот: Шо работиш?
Бог: Еве.. Планетата Земја.
Ѓаволот: Дај ја нешто да напраам, може?
Бог: Ок...ама сериозно, не оние твоине фори!
Влегол Ѓаволот во помошната просторија, и почнал да чука, да швајсува, да тропа... така две недели!!!
Го вика Господа, да му покаже што направил.
Ова ти е брате Господе - Охрид!
Ја... види лепота од природа...
езеро, и цркви-365 на број, за да го слават името твое во секој ден од годината!
Си се надминал себеси, одушевено одговорил Господ!
Ѓаволот: Е..ее...чекај тек да видиш каков народ сум ти ставил во него!
.....................................................................................................................
Не е народот крив - народ ко народ, гладен.
Се помалку Македонци има во Охрид, а се помалку останато...
Чим ги видов Хелга, Бјорн и Ото со деците... (8 Холанѓани се на се) во автобус - за 30че... се е јасно.
Бувчињата со 22 седишта имаат неверојатен Индискио/Кинески капацитет за 40 туристи!
Ако де, нека стојат - чим се будали.
Такси од Гранит до Градиште чини импозантни 600 денари - па човекот (таксистот) од Охрид празен патувал навака!
Смештај до 500 денари, а лежалка 100, 200 - зависи.
Арена се уште не ја урнале (сред центар, на 38 степени целзиусови - внатре е 48!!!) а и нема, имаат два вентилатори кои ладат на шанк и летна бавча без музика.
Рака на срце, сите мои пријатели од странство (Србија) се воодушевени од Охрид - ѓаволска работа.
Се надевам дека на угостителите и таксистите ќе им дојде памет дека сакалот не е излезен од рајот и лошото се памти повеќе од доброто.
ПС
Секоја чест за чесните исклучоци во Охрид и околината.