Холивуд сака да нè убие!

Nosferatu

Како да се справиш со зомби или вампир? Има ли правила или секој си измислува свои?

Првиот хорор филм го гледав на своја рана возраст. 5 или 6 имав, се викаше "Магла", одеше на прва програма-ТВ Скопје (читај МТВ).
После филмот и официјално станав љубител на жанрот.
Низ годините што следеа се измислија видеорекордерите (ги имаше оддамна ама беа изгор скапи) и еден таков се најде и во мојот дом.
Среќа во несреќа, мојата постара сестра работеше во видеотека и имав неограничен пристап до филмови за беспари. Од денешна дистанца делува смешно да се радуваш на такви работи ама у тоа време -еповторливо!
Хорор по хорор се нижеа филмовите на моето конто и варираа од хорор/акција до хорор/фантастика.
Отсекогаш сум бил фасциниран од два ентитета кои фигурираа како анти-херои во хорор филмовите, а тоа се:
The Undead/Немртвите и се делат на Вампири (полуживи ентитети кои преку гризнување од друг Вампир самите станале Вампири и се хранат со човечката крв) и Зомбија или популарно наречени Живи Мртовци (полумртви ентитети кои преку бог знае која причина - најчесто вирус - се заразени, без мозок се и се хранат со човечката крв, а богами и останатото)

Мојата дилема е следнава.
Кој ги одредува правилата на постоење, настанок и modus operandi и vivendi на моите два омилени анти-херои и треба ли мајку му на крајот на краиштата човек да знае (а како ако не преку едукативните хорор филмови) што да прави у недај боже ситуација и дали тоа може да помогне!

1. Вампири
1.1 Што знам јас, а и што сум чул:

- Настанати се од непознати причини (првиот супервампир не се знае како), ничим изазвано/главом без обзира почнал да си битиствува, a зборот вампир има наши корени -Hence the expression: светско, а наше!
- живеат (тука веќе имаме оксиморон прибидејќи се мртви) во темница и излегуваат само навечер после зајдисонце и пијат крв од луѓе.
-поседуваат суперчовечка сила, моќ да контролираат ѕверови, да менуваат форма, да влијаат на времето и имаат моќ на регенерација.
-се плашат од сонцето и мразат лук, сребро и крст!

1.2 Што се збори у последно време, а и што сум видел поново:

-Bram Stoker - Dracula (истоимениот филм според романот) од 1992 во режија на Френсис Форд Копола, каде Дракула (супервампирот според некои тврдења) а.к.а. Влад Тепеш (вистинит лик од Трансилванија кој турските освојувачи ги масакрирал на многу иновативни начини) си е сосема "нормален" православен кнез, кој откако ќе му ја излажат принцезата клетите Турци (дека умрел во бој и истата се самоубива) ѝ се лути на црквата и Господ, го зема мечот и го брца во крст од којшто тече крв (!?) и си ја пие, и си станува вампир, што во вампирцките работи значи - hassap standard вампир.

-Dracula 2000 во режија на Patrick Lussier (според истиот роман!!!) каде Дракула е уствари Јуда искариотски, ама сепак потпаѓа под hassap standard вампир системот.

-Интервју со Вампирот од Neli Jordan од 1994 каде покрај hassap how to/know how системот и стандард, секој вампир си има свои специјални способности-супер херојски/x men момент дури.

-Блејд серијалите каде важат истите стандарди, со исклучок на блага митолошка нишка околу потеклото на вампирите и моќта на Блејд да биде изложен на сончева светлина-Daywalker

Ова се некои од побитните филмови за вампирлаци и погоре-подолу може да ви искочи или Јуда искариотски или некое "дете" што работи за него (minion doing the masters bequeathing)

Ама у сето ова влегува најновиот филм насловен како: Abraham Lincoln-Vampire Hunter!!!

1.3 Само среброто е сигурна валута, све остало нема везе!

- било кој може да биде вампир
- сонце, лук, крст и регенерација нема везе!
- од hassap know how само среброто е константно.
Со зборовите на Кочо од Voodoo, од епската нумера "Hu Baba hu"- и шо? и нишо!

Вампирите се секаде околу нас, ни се еба мамата...
Крајно време е да се договорат филмаџиите околу правилата кои важат за вампирцките работи и да има континуитет во митологијата филмска, пошто си играат со чувствата и информациите на публиката, не е ова Македонска историја, па секоја влада да си измишља што сака - пу пу неважи!
Сетете се на Bela Lugosi... традицијата мора да опстои и народот мора да знае!

2. Зомби

2.1 Што знам ја, а и што сум видел (за разлика од вампирите, зомбијата немаат толку голема улога во народниот фолклор)

-било кој може да биде жив мртовец, кога ќе се случи...си излегуваат од гробишта и сл. Night of the Living Dead
-инфекцијата се пренесува преку физички пат со угриз или контакт со крвта на заразениот-зомбито
-телата им се во поодмината фаза на распаѓање и се убиваат единствено преку кршење на вратот или сериозна повреда на главата/мозокот

2.2 Што се збори у последно време, а и што сум гледал:

-Апокалиптична инфекција која е вирус уствари и се шири некако и имаш 28 Days Later, I'm Legend и Resident Evil (иаку таму се супер бавни обичните немутирани мртовци)
-Знакови на интелегенција во обата случаја
-Чекаат мрак во I'm Legend...
-Ако умреш, стануваш жив мртовец под автоматизам во серијалот The Walking Dead, прибидејќи вирусот е во атмосферата.

2.3 Катаната е излезена од будистичкиот рај, ама за сваки случај носи си пиштол.

ПС:

Ако некој се врати од мртвите кај нас се вели дека се "повампирил", е сега-дали е вампир или жив мртовец?
И како можеш да се разбудиш мртов?

 

30 октомври 2012 - 23:52