Основна култура

Добар ден

Некултурата во нашето општество е длабоко вкоренета, да не речам и дека влече традиција од "турско", насекаде ја има, по улиците, по автобусите, во кибер просторот...

Мене често ми се случува поради природата на мојата јавна дејност-музичар ( читај - Рап Деец ),  луѓето да ја преминуваат линијата на пристојност и култура и ми се обраќаат непосредно, пр:

На улица кога ќе се разминам со група тинејџери - Џака...( ќе прошепти некој доволно гласно за да го чујам )

На фејсбук-порака во инбокс со содржина:

Џака, може ли да те прашам нешто (а веќе поставил прашање ) ... ајде да ми напишеш текст или сл.

Некултурата не е само кај младите, апсолутно не - тоа е привилегија на сите граѓани на овој пренатрупан град.

Двете тетки што одат на сред мост, а ти од позади се движиш со велосипед (ми го украдоа вчера, мамата!!!! )

Таксистот број 5 од компанија City кој знае сè и е најпаметен, ти него ќе му кажуваш како да те возел накај дома со твои пари!

Возачот на кола кој те испрскал на најголемото невреме со тротоарска вода.

Луѓето кој што се загледуваат во тебе ко да не виделе...

"Пријателите" кои одненадеж заборавиле како изгледаш, а си со истата фризура и изглед од пред 10 години.

Здраво не чини ништо, исто и Добар ден...потребни се 8 стотинки за да се кажат било кое од двете.

Не сте сами на планетава, и кога седите во парк оставајќи ѓубре позади себеси, тоа не ве прави откачени нихилисти и анархисти, или хардкорци - ве прави само луѓе без манири и домашно воспитување.

Не ми треба владата на РМ да троши пари на кампањи за љубезност и однесување...тоа е основата на човечноста, како еден спрема друг, и всушност здравиот разум е тоа што нè дели од животните...

ПС.

Најлошо е непристојно однесување кон непознати, на крајот на краиштата не се знае-Ханибал Лектор ги јаде само непристојните.

Имајте ден, здраво и чао.

 

 

 

8 јули 2012 - 19:39