Travanjinjinji

Белиот Коњ не е Коњ

Април пројде - Шамар дојде...

 

Бевме ха Киф М'ри за 1 Април. Јас бев маскиран ко Џек Ластовицата, чисто за омаж кон денот и фактот што ради макарониве на глава сум малку ограничен околу изборот на маска.
Си влегуеме фер и демократски и улетуеме баш на настап!
Мри си беше топ, си одработи човекот за сите пари, без позадински вокал - сам ко цар! (мој стил)

Арно ама 70 луѓе!?

Што се случува со народов, дали лош тајминг ради 1- ви? Дали не знаат кој е и што е Мри? Многу прашања во трулото јаболко наречено Скопје.


Дали силната миграција село - град го направи градов  - село?

Младината слуша или домашен рап или српски турбофолк, ама барем да се едуцираат околу основните работи. ХипХоп музиката не е нешто комплицирано за разбирање, ти праи чоек муабет (монолог) а ти можеш да научиш нешто паметно (освен ако ги слушаш просветлените уметници).

Според стандардите на промовирање нови песни, а со намера да направи галама и сепак да им го купат синглот или албумот, измислен е концептот наречен Микстејп (МиксанаКасета) каде што раперите римуваат врз туѓи инструменталки, не "крадат" (како што сакаат да напишат игнорантите на јутуб, кој демек ме фатиле мене или некој во тесно :))

Тие светски стандарди важат сегде во светот, па и кај нас...
А околу историјата на ХипХоп музиката... рециклирањето му е мајката.
Добриот звук живее вечно, уште ако со добар семпл си направил добра песна - царштина!
Сега е многу лесно... компјутер,микрофон... и толку.

Во 90 сетите беше сè околу датови, ленташи и минидискови (најзаебаниот и најпролазниот изум, нешто како пејџерот и факсот) а за да снимиш спот требаше да се окозиш (од кај 500 марки за спот!?) и згора на сè - ќе ти го пуштаат на МС телевизија, иии... евентуално БТР ( дојдовме со евентуално...) немаше ЈУТУБ! А компјутерите беа ѓавол ипол, камо ли клавијатури... оф леле мајко, па фер и убаво ќе си земеш семпл и на ритамче имаш музиче и пееш.


Страшно е да си музички едуциран, да ја имаш сета таа опрема и да пресвируваш или земаш цели песни за комерциална употреба и да тврдиш дека се твои (или ко у случајот на Раде VS Tupac да тврдиш дека татко ти ја правел)

ПС:
Памет у глава, сите глупости ставени на интернет остануваат таму, да не се каете после 2-3 години за некоја песна или спот што сте ја аплоудирале.

ПМС

Пред некој ден ничим изазвано правев doublecheck што сум во кинески хороскоп, испадна коза ЛОЛ!
hence the idea да направам македонски хороскоп... па бујрум.

Да се вратиме на убавите нешта во ХипХопот... најпријатните изненадувања после многу време и доказ дека идеја е сè што ти треба.

Кумановски Рап..Закон. (бонус поени за дијалектот)

Интро од серијалот...

5 април 2012 - 22:32