Занемисли

Здраво, да не се преставувам ептен на широко, се залагам за све за шо се залагет кандидатките за Мис на Светот. И се залагам посебно за нив, како и Македонија да е цела. Многу сум убав, особено ко ќе спијам, во кафана. Во хороскоп сум шопска, а омилен број ми е нејзиниот. Дисклејмер: ќе ви пишам на охридски и нео-скопско фраерски илити какоќемидојт-ски. За то и за све друго особено за единствениот оскар за саканиот ми Пачино во 93-та големо благофаление на офф.нет. Нек се угоде.

Него, си пијам така сабајлинава пладневно домашно радовишко кафе, ко глеам чудо! Од „Вечер" лупнале педери на насловна (замисли!). Едниот натртен ко за инекција, другиот ко г'зов на првиот да му е вратата од станот, слушнал звонење и се спремат да видит да не случајно Миленко замаскиран во Јеховин Сведок му дошол на врата. Вториот најстар весник во историјата на Македонија (ако не го рачунаме крушевски манифест ко весник кој од разбирливи причини имал само едно издание) дигна левел ко пајак пред ребаланс на буџет.

Под ударната вест дека немат да било дозволено да се мажет педерите, на кои шо баш убо им беше на сликата и не знам зш би се мажеле, имат невина слика на Бранко со наслов: „Бранко дуваше". Честитка за роденденот на лидерот на патувачкиот караван, сликан со торта на која шо имат свеќи кои ко да велет: „претседателе, Никола е крив". 50 години наполнал чоекот, па „Вечер" му честитат - со финта. Опако моќно.

Ваквиот визуелен напад а ла слободњак од пеес метри на градскиот филип втори скроз ми ја засени радоста од то шо ЕУ добила нобелова награда за мир. А баш имав на ум да пишам дека шофер на 57-мица заслужават таква награда појќе од заедницата на европски држави кои желно чекаат разумен компромис за да не се бабилонски блудници кои во слободно време ги болит кур за нас, иако ние и манифестно и ефектуирачки држиме еден дис-кур'с кој шо ЕУ тек ќе го учит. Пошо е помлада од нас.

Ама ЕУ ко ЕУ. Да имаја мадиња ко Архимед и да кренеа појќе вода при влегвење во када ќе се викаја ЕУрека.

Од другите вести во светот, Паско Кузман го пронајде гробот на Ѓорѓи Колозов. На 13-ти октомври 2013 ќе бидне деценија без последниот македонски цар. Освен ако не се остварат пророштвата на Маите или моите желби во мамурен ден.

Ја сакам Катарина Ивановска. Целата. Здраво!

*имам меил, ама не се сеќавам на пасвордот: betmenvelit@gmail.com | На твитер ме имаш ко @BatmanSaysT. За убо да е.

13 октомври 2012 - 19:45