60-те години Вегета прослави ги креативно - креирај Вегета етикета!

Создадена во далечната 1959 год., Вегета сега ја слави својата 60-годишнина. Во овие шест децении ги зачини и инспирираше бројни јадења и ги освои срцата низ целиот свет. Сега ве поканува да ја прославите оваа годишнина заедно и да станете дел од историјата на Вегета со својата сопствена креација!

Како што е Вегета креирана како уникатна и оригинална комбинација на зачини и сушен зеленчук, така и вие можете да создадете сопствена комбинација на бои, цртежи и пораки за оригинална Вегета етикета.

КАКО ДА УЧЕСТВУВАТЕ?

Се што треба да направите е да ја посетите веб-страницата 60godini.vegeta.mk, да изберете шарени цртежи, кул пораки и добро познато лого и да ги распределите во просторот за етикетата. Ништо полесно - само пуштете ја вашата инспирација! Кога ќе одлучите дека вашата креација е готова, го праќате и го оставате вашиот контакт за да ве известиме дали вашиот дизајн е меѓу најдобрите.

НАЈКРЕАТИВНИТЕ КОМБИНАЦИИ

Бидејќи ја прославуваме 60-годишнината на Вегета, ќе ги одбереме 60-те најдобри дизајнирани етикети кои ќе бидат наградени. Најважно од се - сите дизајнирани етикети, вклучувајќи ги и вашите, ќе бидат отпечатени и ќе можете да ги најдете на полиците на продавниците!

Инспирирај се, комбинирај и стани дел од историјата на Вегета!

(Комерцијален текст)

10 мај 2019 - 14:03