- Кога се размислуваш дали да ја поканиш на состанок девојката на која ти е страв да ѝ правиш муабет, имај го ова во предвид: без разлика кој си или како изгледаш, секогаш ни ласка кога ни се пушташ. СЕКОГАШ!
Попи Монтгомери
- Не, ја немаме гледано последната епизода од Бетлстар Галактика.
Џејн Краковски
- Некои од нас повеќе сакаат бокс од јога. Ама никој од нас вистински не сака пилатес.
Падма Лакшми
- И жените сакаат порно. Само мразиме кога го криете.
Алиша Милано
- Бразилската депилација е тортура. За да покажете малку внимание, можете да ги скратите влакната во носот или малку почесто да ја бричите брадата.
Кетрин Хан
- Им посветуваме многу повеќе внимание на вашите раце отколку што мислите. Доволно е лошо ако немате мажествени раце, ама ако ноктите ви се подолги од нашите, можете да заборавите.
Кортни Кокс
- Секако дека сакаме десерт. Ама сакаме вие да го нарачате. Она што не сакаме е да нè прашате дали сакаме десерт.
Кони Бритон
- Јавете ни се одма. Тоа правилото со три дена, не се важи. Старееме и немаме време да се зафркаваме. Продолжи да чекаш и ќе ни пројде интересот.
Кристина Еплгејт
- Дури и ако ни се врзани очите, дури и ако носиш очила за сонце, дури и да сме во црна темница, секогаш забележуваме ако си загледал некоја друга жена.
Марија Бартиромо
- Не го сметаме за комплимент ако твојата бивша ја викаш дроља. И таа ти била девојка. Тогаш, што сме ние?
Џенифер Лав Хјуит
- Вратот ни прави многу мерак. Слободно таму можеш да минеш колку време сакаш.
Мариска Харгитај
- Не, тоа не е клиторисот, ама те молам - продолжи да се обидуваш.
Џулија Луис Драјфус
- Ако имаш смисла за хумор ќе спиеме со тебе.
Џулија Луис Драјфус
- Кога ќе заспиеме пред крајот на филмот, тоа е затоа што сме среќни и релаксирани, а не дека „Умри Машки 4“ ни е досаден.
Ешли Џенсен
- Ако налетаме на твојата бивша, прва работа што треба да ја направиш е да нè гушнеш. И ако случајно треба сами да се претставиме, тешко тебе.
Џена Фишер
- Не ја разбираме твојата фасцинација со гради, ама сме среќни што ја имаш.
Андреја Севиџ
- Ни треба да бидете достапни во секое време, ама не сакаме секогаш да креваме вие кога ќе се јавите. Знаеме дека тоа изгледа како двојни стандарди, ама ако сакате уште да разговараме за тоа, оставете порака.
Џули Декпи
- Жените сакаат секс видеа од славни. Ама не порно, туку секс видеа, бидејќи скандалите се возбудливи. Ако сакате да нè натерате да гледаме порно, кажете ни девојката што е во него е позната ама уште не сме чуле за неа.
Минди Колинг