Стигна фамозниот есеј на Борис Дежуловиќ за постоењето на Господ

Фамата за овој есеј почна да се тркала по пријатели откако го прочитавме текстот на проф. др. Клаудио Батистели од Папскиот универзитет во Ватикан, текст кој е предговор за новата книга на Дежуловиќ, “Summa atheologiae”. Се работи за брутална критика на Дежуловиќ на католичката црква низ „еретички расправи за неможноста на семожното“. Предговорот носи наслов „Мојот драг непријател Борис Дежуловиќ“ а есејот се вика „Постои ли Господ?“.

Од тој текст на ватиканскиот професор (го имате на Лупига, најтопла препорака) паѓаат вилици, ако од ништо друго тогаш од сознанието со кого сè Боро се расправа, допишува, полемизира и дебатира. Со кардинали и разно-разни ватикански вождови, што во лице, што по тркалезни маси. Тој ги тера таму каде што мисли дека им е место, а тие на сето тоа пак го викаат и го почитуваат, дотаму што и предговори за книга му пишуваат.

Во предговорот посебно се издвојува тој есеј околу кој направивме фама. Со есејот се отвора книгата а за него професор Батистута ќе напише:

„Веднаш по објавувањето во магазинот Ривиста Грегориана, во февруари 2017, есејот „Постои ли Бог“ предизвика голем интерес и произведе полемика која во теолошките кругови денес ја нарекуваат „Третиот Ватикански концил“.

Елем, наш човек (@rnixn, лепи громе мој!) ја нарача книгата, таа стигна во Скопје среде сите карантини и изолации, ние неколкумина се наредивме за позајмување на книгата, ама бидејќи нè копка, посакавме сега да го читнеме барем тој фамозен есеј.

- Цел есеј да ти го пратам?
- Цел!
- Повели, куме.

 

 

19 март 2020 - 14:11