Подарок со грчки шмек

Девојка за Божиќ го израдувала својот дечко купувајќи му ја најновата верзија на игрицата Call of Duty: WWII. Дечкото брзо сфатил, девојка да ти нуди видео игра е сомнително исто како Грци да ти нудат европски перспективи. Подарокот, имено, бил придружен со листа на услови кои дечкото треба да ги задоволи. Дали кутро или лакомо, нашево „македонче“ -  потпишало.  

Услови за користење на подарокот:

1. Ако те викнам, мораш да ја паузираш играта и да ми обрнеш комплетно внимание.

2. Нема почнување нова игра ако планираме да излеземе или ако јас посакам да излеземе.

3. Мора да ме прашаш дали е ок да играш кога сум кај тебе дома. И да гледаш да имам што да правам додека ти играш.

4. Мораш да одговориш на моите СМС пораки не подоцна од 11 минути.

5. Немој да си заборавил да ми посветуваш исто внимание како на играта.

Јас, Блејк Пери, ќе ги почитувам овие правила и за возврат и ќе уживам во мојата нова игра и ќе ја сакам девојка ми. Но, во случај да не се придржувам до правилата на мојата девојка, Ешли Дејвисон, таа може да ми ја одземе играта во кое било време и тоа да биде доживотно. Затоа ќе ги следам правилата и нема да заборавам на девојка ми.

 

5 јануари 2018 - 01:12