Летен супрематизам

После родител 1 и родител 2, беше само прашање на време кога некој либтард ќе реши дека е време да се продолжи таа глупоќа со реименувањата и ловот на политички некоректни зборови - вештерки. А време е, доаѓа Q3.

На ред за  лустрирање дојде летото, едно од стандардните четири годишни времиња (следствено, ќе има епизоди и за останатите; идејата е, што би рекле таквите - кампеинбл).

Што е проблем со летото?

Тоа што кога негде е лето, негде не е!

А видиш, северната хемисфера, комплетно безосетна за чувствата на останатите, продолжува супериорно да повторува дека е лето, нанесувајќи незнајни душевни болки и страдања кај оние што не им е лето а мораат да ја трпат оваа терминска хегемонија.

Чаре? Да се кажува само месецот или, уште поубаво, тој период да се означува како Q3, односно како „третиот квартал“. 

Ако не верувате, наивни сте.

Девојке у Q3 хаљинама волим...

 

 

2 јуни 2021 - 15:07