Неговата рамка се 18 месеци, кои според него ќе завршат со хепиенд, и тоа по следниот распоред:
- Прв месец: Заразување.
- Трет месец: Рецесија.
- Шести месец: Враќање.
- Дванаесетти месец: Отпорност.
- Осумнаесетти месец: Закрепнување.
Како болест, коронавирусот е тука за навек. Меѓутоа вакцината ќе го намали влијанието, а остатокот од нас ќе биде доволно силен за да го издржи вирусот или веќе ќе го има прележано.
„До крајот на 2021 ќе има некаков ефикасен третман. До средината на 2021 голем број луѓе ќе имаат имунитет заради изложеност и преживување. Ова ќе ја направи целата разлика. Пандемијата ќе биде готова а ние ќе се справуваме со тоа што се случило во минатото, наместо со она што се случува сега,“ објаснува Линет Нусбахер, поранешна владина советничка која сега работи како стратег за големи компании.
Целиот текст го имате тука