Има ли Македонија „14 волци“?

Кога во 1995 година, во американскиот национален парк Јелоустоун биле пуштени 14 волци, научниците не ни претпоставувале до какви сè промени ќе доведе овој потег и дека само дузина волци ќе можат да го сменат целиот еко-систем на паркот.

Цели 70 години во националниот парк немало волци и таму суверено владееле елени кои заради неконтролираниот прираст направиле сериозна штета на растителниот свет.

Се разбира, 14 волци не можат да ги изедат сите елени но ги принудиле повнимателно да бираат мести за пасење и да избегнуваат делови од паркот каде што волците редовно патролираат.

На тие места вегетацијата почнала да се обновува. За шест години, бројот на стебла се зголемил за четири пати. Се појавиле дабари на кои им требаат дрва за градење на нивните брани.

Со изградбата на браните се зголемил бројот на патки, риби и водни глувци. Волците ја редуцирале и популацијата на шакалите што довело до зголемување на бројот на зајаци и глувци, кои пак привлекле јастреби, јазовци и лисици во паркот. Почнале и мечки почесто да се појавуваат бидејќи можеле да ги набркаат волците од нивниот плен и да ги изедат остатоците.

Не е само тоа. Волците го смениле и текот на реките. Нивните канали се исправиле и стабилизирале, ерозијата на коритата се намалила. Тоа се случило затоа што заради присуство на волците, дошло до експлозивна експанзија на дрвја и трева покрај реките што ги засилило речните текови и корита. Накратко, дури и географијата на самиот парк се сменила, благодарејќи на присуството на мала група одбрани жители.

Да го повториме прашањето, има ли Македонија 14 волци, при што не мислиме баш на волци и баш на националните паркови.

*********

16 август 2022 - 08:48