веб класици:

Дали љубовта е слепа?

Типот се вика Алваро де Миранда Нето. Роден 1973 во Бразил. Познат е по тоа што обожава коњи и главно се занимава со нивно јавање на пречки. Алваро порано ја сакаше оваа жена:

Таа се вика Сибел Дорса. Бразилски фото модел специјализиран за костуми за капење, ангажирана и за Плејбој и за Викторија Сикрет.

Двајцата беа во брак, заедно имаа ќерка. Потоа, Алваро ја напушти Сибел заради неа:

Во брак се и живеат среќно.

Што научивме од оваа сторија?

Дека можеби љубовта е слепа. Или пак дека мажот сепак е подготвен да ја бара вистинската љубов зашто побитна му е внатрешната убавина отколку минливиот надворешен изглед.

Патем:

Актуелната жена на Алваро се вика Атина Оназис. Нејзиното богатство е проценето на 12 милијарди долари.

p.s. По разводот, Сибел изјави „Таа можеше да му купи коњ, јас не можев"

10 март 2017 - 11:37