Се вика Золтан Кохари, живее во местото Дунајска Стреда (55 км јужно од Братислава) и сите што го познаваат го викаат Бетмен.
Има 26 години, живее сам во една напуштена зграда без струја, вода и греење.
Го обожава својот костум.
Се уште не се бори со криминалот ама верува во правда.
Прави сè што е во негова моќ да им го олесни животот на своите сограѓани.
За возврат, тие некогаш му даваат храна.