33 годишната Наталија е петтиот најплатен модел на светот, можеби најпозната како лице на парфемот Еуфорија, на Калвин Клајн. Но, нејзиниот ден собира уште многу. Бизнис инсајдер ја замолил да им покаже како тоа изгледа.
Во 2004 Водијанова ја формираше хуманитарната фондација "Голо срце" за поддршка на семејства со деца со посебни потреби. Годинава, пак, стана претприемач, лансирајќи ја ајфон апликацијата LB со која на луѓе им се овозможува да донираат средства и да создаваат врски и заедници и меѓу себе и со оние кај кои помошта завршува.
Во советничкиот тим на Наталија сеЏими Вејлс (основач на Википедија), Мајкл Бирч (основач на Бебо), Ариана од Хафингтон, дизајнерот Дајан фон Фурстерберг и Брент Холман (ко-основач на Lastminute.com и Made.com).
Бизнис Инсајдер ја замолиле Наталија да им објасни со слики и зборови како тече еден нејзин вообичаен ден.