Можеби еднаш се живее ама вирално сто пати се умира

Како што звукот на клик-клак периодично се враќа на скопските улици, така виралните видеа си наоѓаат нови муштерии. Гледаме, деновиве по нет повторно се тркала едно видео во кое дете гине кога трик на неговиот поголем брат завршува лошо. И пак ц'цкање како и тогаш: абре деца, оти така, од играчка плачка, греота, не џабе старите викаат....

Се викаат Свен и Микаел, браќа се од Германија и не ги оплакувајте, добри се. Тоа беше кампања за едно варајети шоу од 2011 година.

25 јануари 2019 - 12:52