Олимпијката која не паѓаше така лесно

Уметничкото лизгање ни е на опашката на нашите олимписки интереси ама во тој спорт имаше една црнкиња со јаки нозе која што ја заслужува сета почит заради одважноста на авторитетите да им плесне шамар.

Се вика Сурија Бонали, 9 кратна шампионка на Франција, трипати носителка на сребрен медал на светски шампионати.

Незјиниот потег кој влезе во историјата го направи на Зимската Омилпијада во 1998-ма година, кога изведе салто назад дочекувајќи се на една нога.

Таа е единствениот спортист кој тоа го извел. Не само меѓу жените туку генерално. Само тројца мажи имаат изведено сличен потет но со дочекување на една нога.

Она што е уште поимпресивно од самата фигура е мотивот зошто Бонали ја извела.

Заради ризичноста и опасноста од тешки повреди, тoa салто назад, со дочекување на две нозе како што единствцено дотогап било видено, е прогласено за недозволен потег на Олимпијада. Официјалното објаснување било дека сите скокови мора да завршат на една нога, па и тоа.

А на Бонели ѝ било преку глава да добива пониски оценки заради бојата на својата кожа, во спорт кој на неколку наврати се покажал како расистички.

И затоа, доечкувајќи се на една нога, таа нелегалниот потег го легализира, фрлајќи им ракавица на жирито со порака: Ајде и за ова дајте ми слаби оценки!

За жал, судиите сепак решаваат дека е тоа недозволен потег и ѝ даваат казнени поени заради кои останува без медал. Заради тоа, во следната категорија на слободно лизгање, по својата точка им го врти грбот на судиите, за да им покаже колку ѝ се битни нивните оценки.

8 февруари 2014 - 14:46