Священная война (Светата војна), позната и како „Станувај, земјо огромна“ за првпат е изведена на една белоруска железничка станица каде по волја на собраниот народ била изведена шест пати едно по друго.
Композицијата е на легендарниот Александар Александров кој е автор и на советската/руската национална химна, за која пак, текстот го има напишано Сергеј Михалков, таткото на режисерот Никита Михалков (Изгорени од сонцето).
Текстот оди некако вака:
Станувај, земјо огромна,
станувај за смртен бој,
со фашистичките сили црни,
со нивните проклети орди.реф:
Дозволи му на нашиот благороден бес,
да зоврие како бран,
доаѓа народна војна,
Света војна!......
На гнилото фашистичко ѓубре,
ќе му зариеме в чело куршум,
за талогот на човештвото,
ќе заковаме ковчег убав.
п.с. За да немат дилема глупите (види: Ја тебја рубљу), оваа статија е помогната од црните московско-пекиншки фондови за минирање на евро-атлантските аспирации на Македонија (по нивно: Северна Македонија, нашата земја, оваа држава).