Две препораки за гледање: 1. Боуви. 2. NSFW

Колку аплаузи се потребни за од ништо да се создадат аватари кои ќе почнат да водат љубов?

Следи десетминутен одговор на ова прашање зад кој стои дигиталниот врач Бернаби Ропер, автор на видеото за оваа епски долга верзија на боувиевата "Love Is Lost" на Џејмс Марфи. Може песната да ви трае и само три минути доколку ви кажеме дека првите 7 минути се SWF. Но, ем и после не е нешто 'уау', ем е греота да не уживате "за сите пари".

Кога сме веќе кај парите, Боуви минатиот месец понуди свое видео на оваа песна, спот кој стана познат по тоа што Боуви го чинел само 12,99 долари. Да, ако не го рачунаш вградениот капитал дека си Боуви.

14 ноември 2013 - 11:31